Семејни тепачки, пресметки меѓу малолетници и силувана девојка


  Син тепал татко, старец нападнат кај Бит Пазар, тепачки меѓу млади лица, но и пријавено силување на малолетничка денеска може да се прочита во билтенот на МВР. Во неделата, во 19 часот 60-годишен жител на Скопје пријавил дека во 18 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот …

Семејни тепачки, пресметки меѓу малолетници и силувана девојка Read More »

Почина бебе од околу еден месец во Шуто Оризари


Во неделата, околу 10 часот било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

„АстраЗенека“ тврди дека има лек со антитела против Ковид-19


  Терапија со антитела, која ја разви „АстраЗенека“, ефикасна е во превенцијата и лекувањето на кроона вируст, покажуваат податоците од фармацевтската компанија. „АстраЗенека“ поднесе барање со американската Агенција за храна и лекови ФДА, за итна авторизација на превентивниот лек AZD7442, кој се состои од две антитела. Во истражувањето учествуваа 900 луѓе Истражувањето на комапнијата покажа …

„АстраЗенека“ тврди дека има лек со антитела против Ковид-19 Read More »

Германија: Кој може и нема да се вакцинира од денеска, плаќа за тестирање за Ковид-19


Од денеска, во Германија нема бесплатни брзи тестови за Ковид-19 за оние кои можат или нема да се вакцинираат, јавија германските медиуми наведувајќи дека иако владата се надева дека голем број неопределени луѓе ќе бидат мотивирани да вакцинираат, некои лекари ја критикуваат мерката. Досега, во Германија секој граѓанин можеше да се тестира еднаш неделно бесплатно …

Германија: Кој може и нема да се вакцинира од денеска, плаќа за тестирање за Ковид-19 Read More »

Пуштен во употреба новиот мост, каде требаше да има панорамско тркало


Од денеска, прооден е пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради без панорамско тркало, предвидено со проектот Скопје 2014. Со пренамената на тркалото и изградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра, уверува градоначалникот Петре Шилегов. „Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно …

Пуштен во употреба новиот мост, каде требаше да има панорамско тркало Read More »

Нобеловата награда за економија за тројца експерти за пазарот на трудот


Нобеловата награда за економија за 2021 година ја добија Дејвид Кард, роден во Канада, Американецот Џошуа Д. Ангрист и Гвидо В. Имбенс од Холандија-Америка. Кралската шведска академија на науките рече дека наградата е за работата на „извлекување заклучоци од несакани експерименти“. Се наведува дека работата на лауреатите „целосно ја преобликувала емпириската работа во економските науки“. …

Нобеловата награда за економија за тројца експерти за пазарот на трудот Read More »

Трикратен првак на светот пронајден мртов


Кенискиот атлетичар Хозе Мвок Мачарињаг (35), инаку трикратен светски шампион во крос, пронајден е мртов. Како што се наведува, тој е пронајден обесен во семејниот дом. Мачарињаг беше специјалист на 10.000 метри и крос, учествуваше на пет светски првенства на кои зеде злато во екипна конкуренција во 2006, 2007 и 2008 година. Атлетичарот не се …

Трикратен првак на светот пронајден мртов Read More »

Регистрирани 111 нови случаи со Ковид-19, 15 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа …

Регистрирани 111 нови случаи со Ковид-19, 15 починати Read More »

Земјотрес од 6,8 степени ја погоди Алјаска


Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер го погоди полуостровот Алјаска во понеделникот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Американскиот систем за предупредување од цунами не предвидува ваква појапа по земјотресот. Засега нема дојави за повредени и материјална штета по земјотресот, што се случи на длабочина од 51 км.

Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство


Поради обид за убиство од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Република Албанија. Приведената чие место на живеење е делчевското село Тработивиште, како што соопштија, од полицијата е приведена синоќа во 2.15 минути по полноќ. – На 11 октомври 2021 во 2.15 часот од полициски службеници од …

Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство Read More »

Вангелов, Кузмановски, Беговска и Несими добитници на наградата „11 Октомври“


По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“. Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов. Во областа на културата и …

Вангелов, Кузмановски, Беговска и Несими добитници на наградата „11 Октомври“ Read More »

Француско истражување покажува дека вакцините се 90 проценти ефикасни против тешки форми на Ковид-19


Вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓе постари од 50 години, и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата  коронавирус, покажуваат резултатите од нова француска студија. „Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од Ковид-19 отколку невакцинираните луѓе“, изјави …

Француско истражување покажува дека вакцините се 90 проценти ефикасни против тешки форми на Ковид-19 Read More »

Нуклеарен инжинер на САД обвинет за предавање доверливи информации за американски подморници


Нуклеарен инжинер на американската воена морнарица е обвинет за предавање доверливи податоци на странска држава за нуклеарни подморници на САД, а случајот е откриен од Федералното биро за истраги (ФБИ), соопшти синоќа Министерството за правда. Џонатан Тојби и неговта жена Дијана биле упасени во саботата во Западна Вирџинија откако во организиран наводен заговор, агент под …

Нуклеарен инжинер на САД обвинет за предавање доверливи информации за американски подморници Read More »

Отворен четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан во Подгорица


Четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, посветен на соработката во областа на дигиталната трансформација во регионот и дигиталната перспектива во контекст на европската интеграција, беше отворен денеска во Подгорица. Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, на почетокот на состанокот рече дека дигиталната агенда на Западен Балкан е доста амбициозна и интегрален дел …

Отворен четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан во Подгорица Read More »

Сите институции на едно место со новата општинска зграда во Аеродром


Новата административна зграда на Општина Аеродром што е во план да се гради на почетокот од Реонски центар треба да ги задоволи потребите на локалната самоуправа и да ги смести сите важни институции за аеродромци на едно место. – Како ново општинско раководство, ќе продолжиме со изградбата на новата општинска зграда, за која веќе има …

Сите институции на едно место со новата општинска зграда во Аеродром Read More »

Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми


Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија. Аналитичарите од Кембриџ проучуваа речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и открија дека оние во кои …

Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми Read More »

Седум медали за каратистите на Макпетрол на турнирот „Кроација опен“


Македонските карате репрезентативци и членови на клубот Макпетрол освоија седум медали (пет сребрени и два бронзени) на турнирот „Кроација опен“ одржан викендот во Риека. Натпреварите беа поделени во возрасни категории на сениори, јуниори и постари јуниори. Со сребрени медали се закитија: Петар Спасеновски опен категорија сениори; Роберто Ацковски -67 кг; Ангела Мојсовска сениори -68 кг; …

Седум медали за каратистите на Макпетрол на турнирот „Кроација опен“ Read More »

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека


Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги. Во изложбениот салон на библиотеката презенитрани се дела на автори чија инспирација е народно ослободителната војна и антифашистичката борба на македонскиот народ. За посетителите и читателите меѓудругите изложени се книги посвтени на генерал Михајло Апостолски, командант на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, …

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека Read More »

Србија ќе добие модерно вооружување од Русија


Српската војска и полиција ќе добијат најнова опрема и оружје од Русија, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин. – Армијата и полицијата ќе купат најсовремена технологија, меѓу другото произведена од Русија, изјави српскиот министер за РИА Новости, пренесува БГНЕС. Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека властите во земјата очекуваат ракетите Корнет да …

Србија ќе добие модерно вооружување од Русија Read More »

По пожарите на Евија, стигна поплава


Грчкиот остров Евија погоден е од поплави и тоа само неколку месеци по разорните шумски пожари кои уништија третина од неговите површини под шума. Островот е втор по големина во Грција, а погоден е од полави, но за среќа, нема жртви по обилните дождов кои го погодија северниот дел на островот. Сепак, десетици жители мораше …

По пожарите на Евија, стигна поплава Read More »