Празнична изложба на книги во Битолската библиотека


Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги.

Во изложбениот салон на библиотеката презенитрани се дела на автори чија инспирација е народно ослободителната војна и антифашистичката борба на македонскиот народ.

За посетителите и читателите меѓудругите изложени се книги посвтени на генерал Михајло Апостолски, командант на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој по завршувањето на Втората светска војна, на 11 октомври 1953 година бил одликуван со орденот Народен херој.

На изложбата поместени се и книгите „Летопис на народната револуција во Битолско (1941-1945)“, литературен зборник 11 Октомври, книга посветена на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, книгата „Смилево славново оган гори“ од авторот Филип Каваев, „Првите македонски училишта во НОБ“ од авторот Боро Китановски, како и книгите „Историски преглед на НОБ“, „Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942“ и други публикувани дела.

Изложбата на книги посветени на 11 Октомври, ден на народното востание на македонскиот народ ќе биде отворена секој работен ден, потврдија од НУБ „Св. Климент Охридски“- Битола.