Земјите на ЕУ се обидуваат да ги зајакнат границите за да го намалат миграцискиот притисок
Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија, кои се најдоа под притисок на илегалната миграција, денеска побараа неколку акции за зајакнување и заштита на надворешните граници на блокот, јави Бета. Министрите на Грција, Полска, Италија, Австрија и Франција, која во моментов претседава со ЕУ, учествуваа на конференција за гранична безбедност во Вилнус со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. …