Англија ги укинува повеќето мерки – нема маски во училиштата


 

Британскиот премиер Борис Џонсон најави укинување на речиси сите мерки во Англија, почнувајќи од идниот четврток, пишува Би-би-си.

Ковид-потврдите повеќе нема да бидат потребни за повеќето случувања, но на организаторите ќе им биде дозволено сами да одлучат дали ќе ги бараат или не. Исто така, маските повеќе нема да бидат задолжителни во училиштата, како ни во јавниот превоз, но ќе мора да се носат во затворени простории со повеќе луѓе.

Џонсон: Наскоро нема да мораме ни во самоизлоација

Се укинуваат и насоките за работа од дома, а ќе бидат ублажени и ограничувањата во домовите за стари и изнемоштени. Во случај на позитивен тест, луѓето ќе мора да одат во самоизолација, но Џонсон нагласи дека наскоро ќе дојде време кога ни тоа нема да мора да се прави.

Новите ублажени мески стапуваат на сила идниот четврток затоа што моменталните мерки важат до среда. Препораката за носење маски во училниците се укинува од утре.

Ќленка на научниот совет: Не ми се чини дека ја следиме науката

Џонсон рече дека повеќе од 90 отсто од Британците постари од 60 години примиле бустер доза вакцина и дека научниците веруваат дека омикрон го сотигна врвот. Членката на научниот совет на британската влада за итни случаи Кетрин Ноакс, загрижена е за најавеното попуштање на мерките. Се осврна на присутноста на омикрон.

„Не ми се чини дека ја следиме науката овде. Уште е присутен (омикрон), заразува еден на 20 луѓе, уште е многу заразен и уште не е пријатно да се заболи. Јас и понатаму би проверувала и би носела маска“, напиша таа на твитер.