Регистриран 21 нов случај со Ковид-19, починаа двајца пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од …

Регистриран 21 нов случај со Ковид-19, починаа двајца пациенти Read More »

Влада: Авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец


Авиокомпанијата „Гуливер“ која оперира на релација Софија-Скопје има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец, велат од Владата на Северна Македонија од каде МИА побара став по информациите дека од 21 мај прекинува продажбата на авиобилети за оваа релација. – Во однос на авиолинија Софија – Скопје, Ве информираме дека авиокомпанијата …

Влада: Авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец Read More »

Ѓоковиќ: Надал повеќе не е број 1 за мојот син, сега Алкараз му е омилен


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ откри дека Карлос Алкараз станал идол на неговиот шестгодишен син Стефан. – Карлос е прекрасна личност, навистина ми се допаѓа, многу го почитувам. Денеска првпат тренирав со него, иако го видов минатата година на турнир. Неговиот пат до тенискиот врв е апсолутно неверојатен. Тоа што го постигна на таа возраст …

Ѓоковиќ: Надал повеќе не е број 1 за мојот син, сега Алкараз му е омилен Read More »

Путин потпиша указ за економски мерки за непријателски земји


Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за реципрочни економски мерки, како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски држави и на меѓународни организации“, соопшти денеска Кремљ. Указот предвидува руска забрана за извоз на производи и суровини на лица и на стопански субјекти, против кои се воведени санкции. Ним им се забранува и трансакции со …

Путин потпиша указ за економски мерки за непријателски земји Read More »

Прекинот на авиолинијата Софија-Скопје најверојатно е поради преговори за нејзино субвенционирање


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ги информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на билети за авиолинијата Софија-Скопје, рече дека според неговите информации, прекинот најверојатно е поради преговорите на компанијата со бугарската Влада околу субвенционирањето на оваа авиолинија. – Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме две опции. Првата опција беше да биде целосно …

Прекинот на авиолинијата Софија-Скопје најверојатно е поради преговори за нејзино субвенционирање Read More »

Ковачевски – Пајат: Силна поддршка од САД за регионалните економско-енергетски иницијативи


 Регионалните енергетско-економските иницијативи и поддршката од САД беа во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз, во пресрет на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис, …

Ковачевски – Пајат: Силна поддршка од САД за регионалните економско-енергетски иницијативи Read More »

Ландсбергис: Имаме уште два месеца за позитивен резултат за време на француското претседателство


Ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес во заложништво и тоа го споменав многу јасно, нагласи министерот за надворешни работи на  Литванија, Габрелиус Ландсбергис на денешната прес-конференција по средбата со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарко прашње дали како членка на ЕУ ќе поддржат почеток на преговорите со Република Северна …

Ландсбергис: Имаме уште два месеца за позитивен резултат за време на француското претседателство Read More »

Патниците од автобусот во сообраќајката во Прилеп се со лесни повреди


Нема пациенти со тешки повреди ниту е загрозено нивното здравје. Прегледаните се со набиеници и лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, велат од прилепската болница каде од изутрината се згрижуваат патниците од автобусот кој при судир со друг автобус удри во столб во прилепската населба Точила. Според Кети Смилеска, директор на Општа болница …

Патниците од автобусот во сообраќајката во Прилеп се со лесни повреди Read More »

Промената на името на култната „Домаќица“ предизвика лавина негативни реакции


Откако хрватската компанија „Краш“ го промени името на култните кекси „Домаќица“, луѓето реагираа со негативни коментари и тоа не стивнува. „Краш“ во новата кампања за култните кекси покрај самиот назив „Домаќица“ одлучи да додаде занимања на жени за да ги едуцира младите генерации за важноста на праведната поделба на домашните обврски, пренесе Klix.ba. Меѓутоа, кампањата …

Промената на името на култната „Домаќица“ предизвика лавина негативни реакции Read More »

Владата на седница ќе го разгледа Извештајот за степенот на реализација на својата Програма за работа


Владата, денеска, ќе ја одржи редовната 42-ра седница, на која според предложениот дневен ред ќе биде разгледан Извештај за степенот на реализација на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија, како и Информација со Извештај за реализирани активности за 2021 година од Националната стратегија за развој на концептот „Eдно општество за сите и …

Владата на седница ќе го разгледа Извештајот за степенот на реализација на својата Програма за работа Read More »

Во Прилеп повредени околу 20 работници при судар на два автобуси


Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во болницата во Прилеп. Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а …

Во Прилеп повредени околу 20 работници при судар на два автобуси Read More »

„Кантас“ го планира најдолгиот непрекинат лет – од Сиднеј до Лондон


Австралиската авиокомпанија „Кантас“ (Qantas) објави дека има намера, до крајот на 2025 година, да го спроведе најдолгиот непрекинат комерцијален лет – од Сиднеј до Лондон којшто би траел 19 часа. По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони „Ербас А350-1000“ за така долги летови, како дел од програмата „Проект изгрејсонце“. Овие летови ќе …

„Кантас“ го планира најдолгиот непрекинат лет – од Сиднеј до Лондон Read More »

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“


Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинашното 34-то издание на Саемот на книга што се одржува во арената „Борис Трајковски“ од денеска до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе …

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“ Read More »

Во град во Франција, казна од 750 евра за луѓето кои не го собират изметот на своите кучиња од улица


Бержерак, туристички град во југозападна Франција, воведе казна од 750 евра за сопствениците на кучиња кои нема да го подигнат изметот на своите миленици, на јавните површини. – Лицата кои ги шетаат своите кучиња се должни веднаш, на секој соодветен начин, да го соберат животинскиот измет од улица, од парковите, градините и слични места, согласно …

Во град во Франција, казна од 750 евра за луѓето кои не го собират изметот на своите кучиња од улица Read More »

ЕУ се соочува со опасноста од прекин на испорака на рускиот гас


Европа се соочува со потенцијална криза кон средината на месецов, кога државите од Европската Унија ќе треба да ги отрфлат барањата на Москва, плаќањето за гориво да се врши во рубљи, иако немаат алтернативни решенија во врска со гасот, предупреди Брисел, јави Гардијан. Во текстот се цитира еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон, која изјави дека …

ЕУ се соочува со опасноста од прекин на испорака на рускиот гас Read More »

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија


Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 22 литри на метар квадратен, наврнало во Тетово и Пожаране, а најмалку, четири литри во Гевгелија. Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Попова Шапка, нула степени, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 11 степени. Минималните температури до 8:30 часот изнесувале два степени во Лазарополе, три …

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија Read More »

Британските разузнавачи објавија какви последици по руската војска ќе има инвазијата на Украина


  Руската војска поради инвазијата на Украина е значително ослабната од порано, објави британското министерство за одбрана во најновиот извбештај на воените разузнавачи. Одбранбениот буџет на Русија во периодот од 2005 до 2018 година двојно се зголеми, со значајни вложувања во технолошки напредни способности во воздух, на море и на копно. Но, модернизацијата на опремата …

Британските разузнавачи објавија какви последици по руската војска ќе има инвазијата на Украина Read More »

Македонец (23), кој во Вараждин се обиде да убие врсници, може да биде во затвор 5 години


  Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани. Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избодел со нож врсник, при што му задал …

Македонец (23), кој во Вараждин се обиде да убие врсници, може да биде во затвор 5 години Read More »

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во …

Денеска без струја дел од Кисела Вода Read More »

Колони возила од Грција чекаат на граница за влез во земјава


Колони возила чекаат на грчко-македонскиот граничен премин за влез во земјава. Граѓаните кои продолжениот празничен викенд го поминаа во Грција се жалат дека со часови чекаат на преминот од грчката страна, додека според последниот извештај на АМСМ, на граничниот премин Богородица, за влез во Македонија, има чекање од околу 30 минути. На останатите гранични премини, …

Колони возила од Грција чекаат на граница за влез во земјава Read More »