Македонец (23), кој во Вараждин се обиде да убие врсници, може да биде во затвор 5 години


 

Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани.

Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избодел со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.

„Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди“, стои во обвинението.

На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност од повторување на казнените дела, опасност од бегство и опасност од недопуштено влијание врз сведоците во истрагата.

На Македонецот ќе му се суди за две казнени дела, а може да добие казна затвор од пет години. Тој, во моментот, се наоѓа во истражниот затвор, пренесуваат хрватските медиуми.