Попладнево без вода дел од Гази Баба


Ве известуваме дека на ден 02.01.2026 год. поради уличен дефект ф-100 мм на ул.Жан Жорес бр.59, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Жан Жорес, ул.Благоја Стефковски и населбата Хиподром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:00 часот до завршување со санација на дефектот.

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете


И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ. – Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на …

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете Read More »

Проф. Трајковски: Од Нова година стапија во сила јаглеродните царини на ЕУ, Македонија како и секогаш – неспремна


CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) е европска „јаглеродна царина“ што стапи во сила на 1 јануари 2026 и има за цел да ги изедначи трошоците за јаглеродни емисии меѓу компаниите во ЕУ (кои ги плаќаат преку ETS – Emissions Trading System на ЕУ) и компаниите надвор од ЕУ што извезуваат во ЕУ, пишува професорот Дејан …

Проф. Трајковски: Од Нова година стапија во сила јаглеродните царини на ЕУ, Македонија како и секогаш – неспремна Read More »

На Мицкоски му текна дека е професор – ќе ги храбри колегите да придонесуваат во науката


Факт е дека премиерот Христијан Мицкоски, но и повеќето од министерите и други функционери се професори или наставници, што значи доаѓаат од образованието, а нашите универзитети никако да се појават на Шангајската листа, ниту пак се посакувани од студенти од надвор. Затоа, вели Мицкоски, зголемени се средствата кои се на располагање на науката, а професорите …

На Мицкоски му текна дека е професор – ќе ги храбри колегите да придонесуваат во науката Read More »

Во Косово е уапсен убиецот од Скопската чаршија


Основното јавно обвинителство Скопје го расчисти убиството што се случи на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија. Осомничениот, 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, е лишен од слобода во Косово. Според истрагата, инцидентот почнал со банална расправија во кафе-бар меѓу осомничениот и двајца други турски државјани (на возраст од 22 и 23 години). Оштетените …

Во Косово е уапсен убиецот од Скопската чаршија Read More »

Венус Вилијамс со 45 години ќе учествува на Австралија опен


Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс доби специјална покана од организаторот за настап на претстојниот Грен слем турнир. Поранешната најдобра тенисерка на светот со ова ќе стане највозрасната тенисерка учесничка на турнирот во Мелбурн. Венус на 17 јуни наполни 45 години. Рекордерка досега беше Кимико Дате која во 2015 година настапи на истиот турнир со 44 …

Венус Вилијамс со 45 години ќе учествува на Австралија опен Read More »

Гиновска: Во Скопје има 40 загадувачи со А интегрирана дозвола – не е само Усје


До 20 декември 2025 година беа спроведени 1700 контролни проверки на квалитетот на амбиентниот воздух. Од нив, 839 претставуваа рутински надзори, 532 беа вонредни, а 329 беа контролни инспекциски проверки. Притоа, беа констатирани 398 недоследности и издадени се исто толку решенија во рамките на инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, …

Гиновска: Во Скопје има 40 загадувачи со А интегрирана дозвола – не е само Усје Read More »

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“


Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата ВРЕДИ, односно од Движењето БЕСА. ​Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“. ​Во своето прво …

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Read More »

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. …

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот Read More »

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права


Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско …

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права Read More »

Митева: Немаме нови информации за македонскиот државјанин кој бил во „Констелејшн“


Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана. – Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајцарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе …

Митева: Немаме нови информации за македонскиот државјанин кој бил во „Констелејшн“ Read More »

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана


Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави снимка која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана. На снимката се гледаат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го палат акустичниот сунѓер на таванот. 🔴DOCUMENT BFMTVDes photos montrent le moment du départ de l'incendie mortel à …

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана Read More »

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило


Во периодот од 01.12.2025-31.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член …

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило Read More »

Родителите од Кочани за трагедијата во Швајцарија: Со вас сме! На располагање да помогнеме


Родителите и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани реагираа со голема емпатија на трагедијата во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде што најмалку 47 лица ги загубија животите откако настана пожар во бар. Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживеале трагедијата на ненадејно губење на најблиските во огнена …

Родителите од Кочани за трагедијата во Швајцарија: Со вас сме! На располагање да помогнеме Read More »

Сè уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана


Сè уште не е пронајден исчезнатиот млад Македонец Стивен Ивановски, за кого семејството вчера објави дека бил на прослава во Кран Монтана во барот во кој што избувна пожар. Семејството апелираше до сите кои можеби го виделе Стивен или располагаат со каква било информација за неговото движење, како и до оние кои имаат сознанија дали …

Сè уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана Read More »

УКЛО-Битола објави дополнителен конкурс за запишување магистерски и докторски студии


Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор циклус – магистерски студии и на трет циклус – докторски студии. На универзитетските единици при УКЛО-Битола може да се запишат 548 кандидати за магистерски и 117 кандидати за докторски студии. Според објавениот конкурс за магистерски студии, најмногу слободни места се понудени за упис …

УКЛО-Битола објави дополнителен конкурс за запишување магистерски и докторски студии Read More »

Почина двегодишното дете што беше застрелано за време на новогодишната ноќ


Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет. Како што претходно објавија медиумите, детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален …

Почина двегодишното дете што беше застрелано за време на новогодишната ноќ Read More »

Сопственичката била во барот кога избувнал пожарот. Има изгореници на раката


Сопствениците на барот „Le Constellation“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, каде што се случи трагедијата на новогодишната ноќ, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика. Според неколку француски онлајн портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. Покрај „Le Constellation“, …

Сопственичката била во барот кога избувнал пожарот. Има изгореници на раката Read More »

Родители на момче исчезнато во пожарот во Кран-Монтана: „Се надеваме дека е жив. Беше пресреќен што оди таму“


Кристоф и Летиција Бродар уште немаат вести за нивниот 16-годишен син Артур, кој е исчезнат откако избувна пожарот во барот „Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана. Тој ја славел Новата година со група од околу десетина пријатели во барот кога се претворило во ужасна трагедија со најмалку 40 мртви. Родителите на 16-годишник кој исчезнал по …

Родители на момче исчезнато во пожарот во Кран-Монтана: „Се надеваме дека е жив. Беше пресреќен што оди таму“ Read More »