Путин го унапреди Кадиров
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, од денеска има чин генерал-полковник. За ова лично го информирал рускиот претседател Владимир Путин, објави Кадиров на својот официјален канал на Телеграм. „Претседателот на Русија ми го додели чинот генерал-полковник и лично Владимир Владимирович ме информираше за тоа и ми честиташе. Исклучително сум благодарен на нашиот врховен командант што ги …