БИРН: Со незаконска легализација во Белград озаконети половина милион метри квадратни станбен простор
Изминатите седум години во Белград се легализирани повеќе од 450 илјади квадратни метри станбен простор, во објекти што делумно или целосно се изградени без дозвола, покажува истражувањето на БИРН. Сателитските снимки покажуваат дека тие објекти не постоеле или не биле завршени во 2015 година, што според Законот е основен предуслов за легализација на дивоградба. …