Голем пожар во Сплит – 30 пожарникари гасат магацин со гуми


Триесет пожарникари од Сплит гаснат голем пожар кој избувна во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, информираат пожарникарите и полицијата.

На терен се 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ, јавија сплитски медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Пожарот почнал ноќеска во 2.40 часот. Според пожарникарите, тој е локализиран во 6.30 часот утрово. Сепак, иако не се знае како почнал пожарот, се претпоставува дека материјалната штета ќе биде голема.