Малолетник тешко повреден во судир меѓу „Мерцедес“ и мотоцикл


Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа во Тетово при што еден малолетник е тешко повреден. – На 25.12.2022 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл …

Малолетник тешко повреден во судир меѓу „Мерцедес“ и мотоцикл Read More »

Ѓурчиновски прв македонски младински првак во билијард


Дванаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски е победник на првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години во билијард организиран викендов од страна на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. На турнирот во Скопје имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при …

Ѓурчиновски прв македонски младински првак во билијард Read More »

Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија


Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат. Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со …

Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија Read More »

Јужна Кореја испука предупредувачки истрели поради упад на севернокорејски дронови во нејзиниот воздушен простор


Јужна Кореја подигна борбени авиони и хеликоптери и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала денеска упаднаа во нејзиниот воздушен простор. Јужна Кореја утврди дека беспилотните летала дошле од Северна Кореја, поминувајќи ја таканаречената воена демаркациона линија меѓу двете земји. Тие биле забележани на небото над западниот јужнокорејски град Гимпо околу 10.25 часот по локално …

Јужна Кореја испука предупредувачки истрели поради упад на севернокорејски дронови во нејзиниот воздушен простор Read More »

(Во живо) Ковачевски и Бектеши за Буџетот на економија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе одржат прес-конференција за новиот Буџет на министерството за економија за 2023 година. Ориследете ја во живо:

Дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Тетово и во Битола


Дојави за поставени бомби простигнале утринава на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово досега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (едно училиште), Тетово (две училишта) и Скопје (седум училишта) е упатена закана за …

Дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Тетово и во Битола Read More »

Сега можеме да печатиме дрво со 3Д принтери без да се исече ниедно дрво


Престанете со сечењето дрвја! Дали овој слоган ќе го кажуваме засекогаш? Со оглед на тоа дека ги масакрираме дрвјата како да растат брзо за еден ден или како да ги има во неограничен број, можеби и овој слоган ќе остане вечен. Едно глобално истражување на шумите откри дека од почетокот на човечката цивилизација имаме уништено …

Сега можеме да печатиме дрво со 3Д принтери без да се исече ниедно дрво Read More »

Пукотници во близина на патрола на КФОР во северно Косово


Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, ги потврди информациите објавени во косовските медиуми дека синоќа имало пукотници во близина на нејзина патрола кај Зубин Поток во северно Косово, каде што локалните Срби имаат поставено барикади на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение до медиумите, …

Пукотници во близина на патрола на КФОР во северно Косово Read More »

(Видео) Убиени тројца војници во напад врз база длабоко во Русија


Тројца руски војници загинале изутрината при паѓање на остатоци од украинско беспилотно летало што беше соборено пред да изврши напад врз базата Енгелс во руската област Саратов, објавија руските новински агенции, цитирајќи го Министерството за одбрана. Тоа беше втор напад на базата овој месец. „Украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше …

(Видео) Убиени тројца војници во напад врз база длабоко во Русија Read More »

Новогодишната желба на Клоп е – Елиф Елмас!


Пред влезот во Новата година од Островот пристигнуваат информации според кои македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е голема желба на Јирген Клоп, пишува Спортски.мк. Информациите од Островот се дека Елмас веќе имал разговор со Ливерпул и клубот му објаснил на Елиф какви се плкановите. Клоп сака фудбалер со кој ќе го реши проблемот во средниот ред. …

Новогодишната желба на Клоп е – Елиф Елмас! Read More »

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата


 Шефицата на Агенцијата за азил на ЕУ, Нина Грегори, изјави дека очекува во Унијата континуирано да расте бројот барања за азил. „Прилично е јасно дека во догледна иднина ќе се бележи зголемен број барања“, рече Грегори, директорката на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) во интервју за германската медиумска групација „Функе“. Нестабилноста и заканите за …

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата Read More »

Најстудено во Берово, а најтопло во Дојран


Најстудено утрово е во Берово со -5 степени, во Битола се измерени -4 Битола, во Скопје, кај Петровец и Демир Капија -3, во Струмица и Тетово -2, во Прилеп и Дебар -1. Нула степени се измерени во Скопје, кај Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, еден степен над нулата е во Охрид, Претор, Лазарополе, три во …

Најстудено во Берово, а најтопло во Дојран Read More »

УКЦ Ниш: 15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот


 Вкупно 15 пациенти – 12 возрасни и три деца, се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, откако од превртен вагон истече амонијак во близина на пиротското село Станичење, соопшти таа здравствена установа. Во соопштението наведуваат дека сите пациенти моментално се во стабилни витални параметри и не се опасни по живот и додаваат дека се …

УКЦ Ниш: 15 лица, меѓу кои три деца, се хоспитализирани по излевањето амонијак кај Пирот Read More »

Вагон со амонијак се преврте кај Пирот, хоспиализирани 51 лице, во градот прогласена вонредна состојба


Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ вечерва прогласи вонредна состојба во градот, откако во близина на местото Сопотски Хан се преврте вагон на композиција на товарен воз кој превезувал гас од амонијак. При инцидентот од вагонот истекол гас и во атмосферата е ослободена висока концентрација на амонијак, поради што 51 лице се хоспитализирани со симптоми на труење. …

Вагон со амонијак се преврте кај Пирот, хоспиализирани 51 лице, во градот прогласена вонредна состојба Read More »

Десет луѓе затрупани во лавина во Австрија


Лавина денеска затрупа околу десет лица во ски-центар во Австрија, јавува австриската новинска агенција АПА. Лавина со снег затрупа дел од ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија, соопшти АПА, додавајќи дека едно лице е спасено. Несреќата се случила околу 15 часот, а на местото веднаш биле испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи. „Правиме сè што е …

Десет луѓе затрупани во лавина во Австрија Read More »

(Видео) Пет жртви и еден исчезнат во автобуска несреќа во Шпанија


Пет лица ги загубиле животите, најмалку еден патник се води како исчезнат а двајца се преживеани откако автобус слетал од мост и паднал во реката Лерез во провинцијата Понтеверда на северозападна Шпанија, пренесува во неделата весникот El Pais, повикувајќи се на локалната итна служба. Двајцата преживеани, возачот на автобус и патни, биле извлечени од реката …

(Видео) Пет жртви и еден исчезнат во автобуска несреќа во Шпанија Read More »

Демолирана планинарската кула на Титов Врв


Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт” објавија дека непознати сторители ја демолирале внатрешноста на планинарската кула на Титов Врв. На увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови. Членовите на овој клуб во изминатите години ги носеле материјалите за опремување на кулата и ја знаат висината на материјалната штета. …

Демолирана планинарската кула на Титов Врв Read More »

Стручњаците откриваат кои лекови никогаш не смееме да ги пиеме со алкохол


  Во случајд а земаме одредени лекови, тие во комбинација со алкохол може да остават многу последици на нашето здравје. Кога станува збор за некои лекови, нивното земање со алкохол значи дека едноставно нема да бидат толку ефикасни, додека во други случаи вакво нешто може да биде опасно по живот. Како што пишува Science Alert, …

Стручњаците откриваат кои лекови никогаш не смееме да ги пиеме со алкохол Read More »

Лажни сите дојави за бомби во училиштата, завршија проверките


Лажни се сите дојави за поставени бомби 19 училишта во Скопје што биле доставени попладне на нивните електронски адреси. -Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа  и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, сооптшија …

Лажни сите дојави за бомби во училиштата, завршија проверките Read More »

Макрон: Француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад


 Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените. -Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните …

Макрон: Француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад Read More »