(Видео) Убиени тројца војници во напад врз база длабоко во Русија


Тројца руски војници загинале изутрината при паѓање на остатоци од украинско беспилотно летало што беше соборено пред да изврши напад врз базата Енгелс во руската област Саратов, објавија руските новински агенции, цитирајќи го Министерството за одбрана. Тоа беше втор напад на базата овој месец. „Украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше до воениот аеродром Енгелс во регионот Саратов“, објавија новинските агенции од руското министерство.

„Како резултат на падот на остатоците од дронот, смртно се ранети тројца руски војници од техничкиот персонал кои се наоѓаа на аеродромот“. Базата, во близина на градот Саратов, на околу 730 километри југоисточно од Москва и стотици километри од линијата на фронтот во Украина, беше нападната и на 5 декември. Ваквите напади и зададоа на Русија голем удар за репутацијата и покренаа прашања за тоа зошто нејзината одбрана не успеа. Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија.