Ѓурчиновски прв македонски младински првак во билијард


Дванаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски е победник на првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години во билијард организиран викендов од страна на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

На турнирот во Скопје имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП.

– Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место (како поразени од полуфиналните дуели) го поделија Диели Весели и Мухамед Даути.Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски, соопштија од федерацијата.

Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.