Новогодишната желба на Клоп е – Елиф Елмас!


Фото: Б. Грданоски

Пред влезот во Новата година од Островот пристигнуваат информации според кои македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е голема желба на Јирген Клоп, пишува Спортски.мк.

Информациите од Островот се дека Елмас веќе имал разговор со Ливерпул и клубот му објаснил на Елиф какви се плкановите. Клоп сака фудбалер со кој ќе го реши проблемот во средниот ред.

Во летниот преоден рок на „Енфилд“ пристигна Артур како решение за тој проблем, но Бразилецот не се снајде.

Сезонава Елмас не добива преголема минутажа, па можеби трансфер во Ливерпул изгледа како одлична можност за Елмас.

Сепак, неговиот договор со Наполи е до 2025 година и прашање е клубот од Неапол дали ќе сака да се откаже од неговите услови. Елмас се проценува на околу 23 милиони евра.

Во актуелната сезона Елмас постигна два гола и забележа една асистенција на три средби во Серија А.