(Видео) Седница на Судски совет
Откако претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева вчера беше разрешена од функцијата, денеска се бира нов претседател. Проследете ја седницата во живо:
Откако претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева вчера беше разрешена од функцијата, денеска се бира нов претседател. Проследете ја седницата во живо:
Општина Центар информира дека заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, бидејќи е исполнета квотата за субвенционирање. Во рамките на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, општинските власти субвенционираа вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од …
Герасимовски: Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети Read More »
Отворено е ново поглавје на патот кон одржлив развој на Западниот Балкан и започнат е патот кон поодговорно и поеколошко работење, порачаа учесниците на отворањето на Првиот самит на Западен Балкан за животна средина, општество и управување, кој е најголемиот регионален настан посветен на одржлив развој и разговор за поголема одговорност на деловниот сектор кон …
Тајландската полиција уапси жена осомничена дека убила 12 нејзини пријатели и познаници со труење со цијанид. Сарарат Рангсивутапорн беше уапсена во вторникот во Бангкок по истрага за смртта на 12 лица. Таа прво беше осомничена од семејството на една од жртвите која почина за време на патувањето со Рангсивутапорн претходно овој месец. По истрагата, полицијата …
Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица денеска официјално ја промовираа верзијата за iOS уреди на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид на македонски и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, која им овозможува пишан текст да слушнат и …
Писмото од премиерот Димитар Ковачевски со кое се согласува да им биде презентиран Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д на пратениците со безбедносен сертификат е во Собранието и координаторите на пратеничките групи веќе се известени. На која Комисија и колкумина пратеници со безбедносен сертификат ќе присуствуваат на презентацијата на Договорот се уште не …
Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун, информира денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 …
Постоење на необјективни и јасно мерливи критериуми за распределбата на јавните средства за платено поФИлитичко рекламирање и за распределба на дополнителните средства за вториот круг од локалните избори, констатирал Државниот завод за ревизија по извршената ревизија за усогласеност на „Исплатените средства од Државната изборна комисија за извршување на изборните дејствија за спроведување на локалните избори …
ДЗР: Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми Read More »
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, во државата Јукатан, „накратко изгубил свест поради ненадеен пад на крвниот притисок“ припишувајќи го тоа на Ковид-19. Во видео порака објавена од Кабинетот на претседателот, Обрадор даде изјави за неговата здравствена состојба. Тој рече дека за време …
Претседателот на Мексико накусо изгуби свест поради Ковид Read More »
За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР. -Иако …
Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламарија, каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавено …
Маскирани членови на Златна зора упаднаа на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун Read More »
По четврти пат советниците од Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за кредит од 10 милиони евра, со кои би се набавиле нови екоавтобуси. Арсовска вели дека не се откажува и истиот предлог ќе го достави и на следната седница. Советниците прашуваа што стана со проектот БРТ, кој претходниот градоначалник Петре …
Откако по пријави на граѓани општината беше информирана дека на Водно има повторно градежни активности, денес на терен излегоа инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала. Што се …
Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип од каде информираа дека безживотното тело на лицето Т.А (50) било пронајдено од страна на каменичката полиција во близина на неговиот дом. -На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во …
Изчезнатото лице од каменичка Дулица пронајдено мртво Read More »
Нов животински вид од семејството инсекти е откриен во областа Неретва кој го доби името по оваа река, соопшти Центарот за животна средина во Босна и Херцеговина. За време на минатогодишното истражување на горниот тек на реката Неретва, откриен е инсект од редот диптера кој го доби името Baeoura neretvaensis. Во ова истражување учествувале 50 …
Припадниците на германската царина извршија неколку рации на градилиштата низ Германија за да го проверат статусот на работниците и открија десетици случаи на нелегална работа, главно работници од Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Грузија. Една од најголемите акции беше спроведена во Дизелдорф на градилиштето на улицата Ванхајмер, недалеку од аеродромот. Само овде се приведени …
Рации на градилишта во Германија: Фатени Срби, Босанци, Албанци како работат на „црно“ Read More »
Долниот дом на британскиот Парламент го одобри новиот предлог-закон со кој се забранува влез во земјата на илегалните мигранти кои пристигнуваат со мали чамци преку Ла Манш. Нацртот е изгласан откако британската Влада направила неколку измени на законот на барање на Конзервативната партија. Одвраќањето на мигрантите кои пристигнуваат со мали чамци е едно од петте …
На мигрантите кои со мали чамци ќе стигнат на Британско тло нема да им се дозволи азил Read More »
Денеска, со почеток во 12.30 часот, Македонската филхармонија ќе одржи протест пред Министерството за култура по повод одлуката новоформираната национална институција Џез оркестар на Р.С. Македонија привремено да биде сместена во објектот на НУ „Филхармонија“. – Министерството за култура оваа одлука ја донесе без никаква консултација со нашата институција, заткулисно, тајно и без никаква …
Членовите на Филхармонијата почнуваат со протести за сместувањето на џез оркестарот Read More »
Десетици мигранти загинаа откако потона гумен чамец во близина на брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Според ИОМ, се удавиле најмалку 55 луѓе, меѓу кои и жени и деца. Преживеале пет лица – четворица мажи (тројца Пакистанци и еден Египќанец) и едно дете од Сирија. Бродската несреќа се случила завчера. Мигрантите испловиле …
Долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и во македонското Министерство за надворешни работи, Трипун Карапетров, почина на 83-годишна возраст. Тој работеше во дипломатските мисии во Варшава и Москва, а по 1991 година даде голем придонес за отворање на Македонската амбасада во Руската Федерација и продлабочување на политичките и економските односи на …
Почина Трипун Карапетров, еден од доајените на македонската дипломатија Read More »