Повторно дојави за бомби во училишта во Белград


Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги …

Повторно дојави за бомби во училишта во Белград Read More »

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија


Во Големата сала на Филхармонија вечерва ќе настапи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во …

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија Read More »

За прв пат во историјата затворени делови од Националниот парк Крка, водата однесе мост


По силните дождови Хрватска се бори да ги задржи реките во нивните корита, но тие се излеваат и прават проблеми. Излеани се реките Крка, Добра, Корана, Мрежница, на делови Сава и огромни количини вода носат и во Босна и Херцеговина каде дополнително прават проблеми. Јавната установа Национален парк Крка извести дека поради високиот водостој на …

За прв пат во историјата затворени делови од Националниот парк Крка, водата однесе мост Read More »

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници


Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема …

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници Read More »

Вработените во ЈСП најавуваат штрајк од јуни


Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието. Од Синдикатот на ЈСП најавија дека ќе излезат на штрајк од идниот месец ако не им бидат зголемени платите. За зголемување на платите се потребни пет милиони денари месечно, односно 60 …

Вработените во ЈСП најавуваат штрајк од јуни Read More »

Силно невреме во Кичево и регионот


Во предвечерните часови Кичево го зафати силно невреме проследено со пороен дожд, град и интензивни електрични празнења. За час улиците се претворија во вистински реки што оневозможи сообраќајот да се движи непречено. Поради обилните врнежи се излеаја повеќе шахти. Вистинската штета од ова невреме допрва ќе се утврдува ако се има предвид количеството на град …

Силно невреме во Кичево и регионот Read More »

Украина се приклучи Центарот на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE)


Украина официјално се приклучи на Центарот за извонредност на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE), со седиште во Естонија. „Денеска, националното знаме на Украина беше официјално подигнато во седиштето на Кооперативниот центар на НАТО за извонредност за кибер-одбрана во Талин, со што се означи официјалното пристапување на Украина во ЦЕК на НАТО за …

Украина се приклучи Центарот на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE) Read More »

Апокалиптични слики од поплавите во Италија – евакуирани околу 900 лица


Околу 900 лица се евакуирани од своите домови поради поплавите во Италија предизвикани од новиот бран дождови. Над 500 лица се евакуирани во областа Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања, јавува АНСА. Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итните случаи, вклучувајќи ги …

Апокалиптични слики од поплавите во Италија – евакуирани околу 900 лица Read More »

Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, здруженија реагираат за користењето на локалниот пат


Градежна механизација и работници ги почнаа подготвителните работи за изградба на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче кај Кочани. Активностите се однесуваат на пробивање пристапен земјен пат до локацијата на која треба да се гради објект за електромашинскиот дел на хидроцентралата и за поставување на цевководот. Според одговорните лица во фирмата изведувач, градежните работи …

Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, здруженија реагираат за користењето на локалниот пат Read More »

Во наредниот период променливо облачно со дожд и засилен ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. …

Во наредниот период променливо облачно со дожд и засилен ветер Read More »

Владата ја усвои новата Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството


На седница Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството. Буџетските средства за оваа програма во висина од 317.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Потпрограма 21 – Интервентен …

Владата ја усвои новата Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството Read More »

Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада


 Ако победи СИРИЗА нема да одиме на втори избори, ќе формираме прогресивна Влада, порача лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес конференција во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.  Ципрас истакна дека сака Влада која ќе биде стабилна и долготрајна, а во однос на можните …

Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада Read More »

Нема да менуваме таблички, само налепници со „НМК“ на регистрациите


Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, за заштита на граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација, одлучи Владата на денешната седница. Со ставањето налепница на регистарските таблици, според информацијата од МВР, во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија на регистарските таблици на возилата, од една …

Нема да менуваме таблички, само налепници со „НМК“ на регистрациите Read More »

Теренска вежба на тимови од ДЗС и од Грција за пребарување и спасување од урнатини


Под мотото „Солидарност за справување со развојните предизвици на денешницата“ денеска по повод 60-годишнината од земјотресот во Скопје се одржа теренска вежба за пребарување и спасување од урнатини на која учествуваа тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, тим од Грција, Град Скопје и Црвен крст.   Настанот се одржа во спортско-рекреативниот Центар Сарај. Покрај …

Теренска вежба на тимови од ДЗС и од Грција за пребарување и спасување од урнатини Read More »

ЛИДЕМ бара часови по ментално здравје во основните и средните училишта


Часови по ментално здравје во основните и средните училишта, како нужен предуслов за одржување на менталното здравје и детектирање на потешкотиите, проблемите и несигурностите со коишто се соочува секој ученик или ученичка, бара преку Декларацијата за образование усвоена на конгресот, Либерално демократската младина (ЛИДЕМ). – Велат виновникот има име и презиме, меѓутоа вината е колективна, …

ЛИДЕМ бара часови по ментално здравје во основните и средните училишта Read More »

Агенцијата за филм го прекина финансирањето на филмовите на режисерот Манчевски


Агенцијата за филм соопшти дека поднела кривична пријава против продукцијата „Банана филм“ на режисерот Милчо Манчевски. Од Агенцијата соопштија дека пријавата е поднесена по претходно донесена одлука од Управниот одбор. „Оваа одлука се донесе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – поднесена официјална изјава со невистинита содржина, а се темели на докази …

Агенцијата за филм го прекина финансирањето на филмовите на режисерот Манчевски Read More »

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција


Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Како …

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција Read More »

МОН препорачува: Режим на користење на мобилните во училиштата и униформи


Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата како и за сите останати учесници во воспитно-образовниот систем со цел во овој сензитивен период да се делува во насока на безбедноста во училишните објекти и превенирање на врсничкото насилство. Станува збор за 10 владини препораки кои се плод на еден широк процес на консултации, …

МОН препорачува: Режим на користење на мобилните во училиштата и униформи Read More »

Обвинителство: Двете тела со прострелни лани во Демир Капија дадени на обдукција


Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, телата на двете починати лица се дадени на обдукција. Прибрани се траги и докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Првичните сознанија упатуваат дека се работи за убиство и самоубиство. Ова попладнево го рекоа од Обвинтелството за МИА. Претходно, МВР информираше за  МИА  дека повозрасниот демиркапиец …

Обвинителство: Двете тела со прострелни лани во Демир Капија дадени на обдукција Read More »

(Во живо) Шаќири ќе ги соопшти препораките за справување со врсничко насилство


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе одржи прес-конференција во врска со усвоените Препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и за справување со врсничко насилство.