СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање


Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис изјави дека во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање ако здравствениот систем не се подобри. Таа го опиша колапсот на болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа како трагедија и изрази загриженост поради приведувањето на медицинскиот персонал од страна …

СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање Read More »

Се прекинува стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план на Струмица


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска објави известување за прекинување на стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план за град Струмица. Како што стои во известувањето, прекинувањето е по предлог на Комисијата за урбанизам, формирана од градоначалникот, како и предлогот од Комисијата за стручна расправа, постапката за стручна расправа со јавна презентација и јавна …

Се прекинува стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план на Струмица Read More »

Од руските студенти се бара да донираат искористени вајпови што ќе се употребат за производство на дронови


Од руските студенти се бара да ги донираат своите искористени вајпови на војската за да може да се користат деловите од електронските цигари за производство на борбени дронови за напад на Украина, се вели во извештајот. Студентите на Универзитетот Самара во југозападна Русија собираат фрлени електронски цигари од своите врсници за да ја поддржат руската …

Од руските студенти се бара да донираат искористени вајпови што ќе се употребат за производство на дронови Read More »

Сѐ поскапо е да се изгради куќа


Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4  отсто отколку во второто тримесечје,  додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2  отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба, пак, со третото тримесечје …

Сѐ поскапо е да се изгради куќа Read More »

Општина Тетово ветува исплаќање на платите за „комуналците“ и сигурност во новото претпријатие


Општина Tетово преку соопштение информира дека е информирана за моменталната состојба во однос на општинските претпријатија. „За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, одлучено е формирање на две нови претпријатија, едно за водовод и канализација, и едно за менаџирање со отпадот. Важно е да се напомене дека Општина Тетово веќе има потпишан договор …

Општина Тетово ветува исплаќање на платите за „комуналците“ и сигурност во новото претпријатие Read More »

Поради Самитот на ОБСЕ, градските царински испостави ќе работат само со дежурни екипи


Согласно донесениот заклучок на седница на Владата на Република Северна Македонија, а по повод Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територија на град Скопје на 29.11.2023 година (среда) да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за …

Поради Самитот на ОБСЕ, градските царински испостави ќе работат само со дежурни екипи Read More »

Само два часа беше отворен превојот Стража за тешки товарни возила, поради снег, повторно е затворен


Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 12.20 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Утрово од 8.30 часот, овој превој, исто така беше затворен за сообраќај на тешки товарни …

Само два часа беше отворен превојот Стража за тешки товарни возила, поради снег, повторно е затворен Read More »

ЗОО Скопје се огласи по трагедијата откако угина последната жирафа Флопи


Во еден ден, во скопската зоолошка градина, се случија две трагедии. Имено, прво се прошири веста дека починал негувателот нажирафите Ристе Трајковски и тоа само на возраст од 44 година, а неколку часа подоцна, угина и последната од трите жирафи, Флопи. „Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години …

ЗОО Скопје се огласи по трагедијата откако угина последната жирафа Флопи Read More »

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на ДКСК


Многу политички експонирани личности се пријавија на конкурсот за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција, смета актуелната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.   – Не ми се допаѓа тоа што многу политички експонирани личности се пријавија на интервјуата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). …

Ивановска очекува Комисијата за селекција да не дозволи притисоци при изборот на новиот состав на ДКСК Read More »

Германија повика да не се блокира патот на Албанија кон ЕУ од билатералните прашања со Грција


Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека патот на Албанија кон ЕУ не треба да биде блокиран од билатералните прашања со Грција. Официјален Берлин го нарече неприфатливо блокирањето на патот на Албанија кон членство во ЕУ од страна на Грција поради случајот со Фреди Белери, уапсениот избран градоначалник на Химара, кој е етнички Грк, објави …

Германија повика да не се блокира патот на Албанија кон ЕУ од билатералните прашања со Грција Read More »

Вклучување на децата Роми во предучилишно образование


– Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка …

Вклучување на децата Роми во предучилишно образование Read More »

Штрајк на вработените во „Комунална хигиена“ Тетово – не им се исплатени платите


Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, денеска почнаа штрајк поради неисплатени повеќе плати и немање здравствено осигурување. Работниците од прва смена, како и дел од другите смени, се собраа пред просториите на „Комунална хигиена“ и не отидоа на терен за да го собираат сметот од контејнерите. – Се собравме денеска …

Штрајк на вработените во „Комунална хигиена“ Тетово – не им се исплатени платите Read More »

Мерна станица за квалитет на воздухот ќе биде поставена во близина на „Цементарница“


Општина Кисела Вода ќе набави мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката „Цементарница“. Како што известуваат од општината, денеска на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух.   – Ова …

Мерна станица за квалитет на воздухот ќе биде поставена во близина на „Цементарница“ Read More »

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време


Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните кои имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје се известуваат дека закажаните термини ќе бидат реализирани, информираат од Министерство за внатрешни работи. -Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во …

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време Read More »

Со сезонска ски-карта од „Ресорт Маврово“ може да се скија низ поранешна Југославија


Со купена ски-карта во „Ресорт Маврово“ може да се ужива и во убавините и услугите на „Олимпискиот центар Јахорина“, Босна и Херцеговина, откако претставниците на двата скијачки центри потпишаа Договор за меѓусебна соработка.  Ова значи дека секој што ќе купи ски карта од „Ресорт Маврово“, бесплатно, може да скија два дена во “Олимписки центар Јахорина“. …

Со сезонска ски-карта од „Ресорт Маврово“ може да се скија низ поранешна Југославија Read More »

Несреќа во Јужноафриканската Република: 11 загинати при пад на лифт во рудник


Најмалку 11 лица загинаа, а 75 се повредени при пад на лифт кој превезувал работници во рудник за платина во Јужна Африка, соопшти администрацијата. Компанијата „Импала платинум“ соопшти дека привремено ја прекинала работата во рударскиот комплекс во Рустенбург, по несреќата што се случи синоќа, пренесува Ројтерс. Повредените работници се префрлени во болници, додава АП. Извршниот …

Несреќа во Јужноафриканската Република: 11 загинати при пад на лифт во рудник Read More »

Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни


Во текот на ноември, екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош. Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека активностите се одвивале на булеварите „Илинденски одреди“, …

Екопатролата на „Комунална хигиена“ поучила 17 несовесни одлагачи на отпад – нема кој да ги казни Read More »

Словенија ќе му ги врати парите од казната на доставувачот што во пандемијата јадеше бурек


Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот.  Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за корона вирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време …

Словенија ќе му ги врати парите од казната на доставувачот што во пандемијата јадеше бурек Read More »

Брзиот автобуски превоз во Скопје е заложник на политиката


Скопје нема наскоро да добие брз автобуски транспорт, затоа што откако две години градоначалничката Данела Арсовска го држеше во фиока проектот, сега советниците не даваат дозвола за почеток на изведбата. На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за негово имплементирање. …

Брзиот автобуски превоз во Скопје е заложник на политиката Read More »