Само два часа беше отворен превојот Стража за тешки товарни возила, поради снег, повторно е затворен


Фото: Б. Грданоски

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од 12.20 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Утрово од 8.30 часот, овој превој, исто така беше затворен за сообраќај на тешки товарни возила, а забраната престана во 10.30 часот. По два часа слободно проаѓање, обилните врнежи од снег, повторно го оневозможија сообраќајот.