Рутинска победа на ПСЖ над Еурофарм Пелистер 31:25


 Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Пари Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари. Ракометните ѕвезди на Пари Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 голови предност каква што имаа на полувремето кое заврши со 15:9 за гостите. …

Рутинска победа на ПСЖ над Еурофарм Пелистер 31:25 Read More »

Јапонија, Шведска и Норвешка имаат најдолг животен век, кои се нивните навики?


Иако повеќето луѓе сакаат здрав и долг живот, истражувањата покажуваат дека Јапонците во просек живеат најдолго, а потоа следат Швеѓаните и Норвежаните. „Постојат голем број фактори кои придонесуваат, вклучувајќи ја исхраната, нивото на физичка активност, здравствената заштита и системите за поддршка во овие земји“, изјави д-р Раши Агарвал за Yahoo Life. Во продолжение погледнете ги …

Јапонија, Шведска и Норвешка имаат најдолг животен век, кои се нивните навики? Read More »

Без вода улиците „Банатска“ и Самоилова“


Без вода денеска од 11:00 часот се дел од корисниците од улиците „Банатска“ и Самоилова“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф- 1“на ул.„Банатска“ 7 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Утре без вода ул „11 Октомври“, а без струја Илинден и Чучер Сандево


 Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради менување вентил  ф-300 мм на ул. „11-ти Октомври“ бб во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, на потегот од булеварот „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат. Водоснабдувањето, како што соопштуваат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 9 часот до завршување …

Утре без вода ул „11 Октомври“, а без струја Илинден и Чучер Сандево Read More »

Распишани претседателските и парламентарните избори 2024


 Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.  – Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за …

Распишани претседателските и парламентарните избори 2024 Read More »

Надал: Во последен момент ќе донесам одлука за настап во Доха


Рафаел Надал, некогашниот тенисер број еден во светот, сепак би можел да го одложи враќањето на терените. Шпанецот е пријавен за турнирот во Доха следната недела, но според последните информации, тенисерот би можел да го пропушти. И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот, па може превентивно …

Надал: Во последен момент ќе донесам одлука за настап во Доха Read More »

Градоначалникот на Општина Кисела Вода разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик. Вели дека нема компромиси кога е во прашање спроведувањето на законите и апелира до надлежните институции да го расветлат случајот, работејќи непристрасно и водејќи се исклучиво според законодавната легислатива. Ѓорѓиевски потенцираше дека правдата мора да излезе …

Градоначалникот на Општина Кисела Вода разреши директорка на основно училиште која поседувала лажна диплома за странски јазик Read More »

SpaceX отстранува 100 стари сателити Starlink од орбитата


SpaceX планира да ги отстрани постарите сателити Starlink од орбитата со цел да го намали бројот на потенцијално опасни вселенски летала во ниската орбита на Земјата. SpaceX потврди дека во наредните недели и месеци ќе бидат отстранети 100 постари сателити Starlink од верзијата 1 за да се одржи вселената. Планот е веќе објавен, а компанијата …

SpaceX отстранува 100 стари сателити Starlink од орбитата Read More »

Малолетници тепани во училиштен ходник и на автобуска постојка во Скопје


Малолетници од Скопје повторно физички се пресметувале. До полицијата стигнале две пријави од родители чии деца биле нападнати.   – На 13.02.2024 во 11.40 во СВР Скопје, М.Г.(42) од Скопје пријавил дека во ходник на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање …

Малолетници тепани во училиштен ходник и на автобуска постојка во Скопје Read More »

Со лажни сертификати за англиски станале директорки на училиште во Драчево и болница во Дебар


Скопјанка со лажна диплома за познавање на англиски јазик станала директорка на основно училиште во Драчево. Друга жена, исто така, со лажен сертификат станала директорка на болница во Дебар. – Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.К.(49) од Скопје и …

Со лажни сертификати за англиски станале директорки на училиште во Драчево и болница во Дебар Read More »

Општина Центар распиша јавен повика за доделување локации за поставување подвижни објекти и апарати


Општина Центар воведува ред во уредувањето, начинот и условите за поставување подвижни објекти на своја територија. Во јавниот повик кој е во тек, предвидени се вкупно 14 атрактивни локации за нивно поставување. Објектите што ќе се поставуваат можат да бидат на сопствен погон или можат да бидат направи што немаат сопствен погон на движење, односно …

Општина Центар распиша јавен повика за доделување локации за поставување подвижни објекти и апарати Read More »

Седум повредени од сообраќајката кај Жиганци донесени во болницата во Кочани


 Седум повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани се пренесени во Општата болница во Кочани. Возилата на Итната помош за краток период пристигнале на местото на несреќата во близина во атарот на селото Жиганци и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата во болницата. – Нашите лекари сè уште ја …

Седум повредени од сообраќајката кај Жиганци донесени во болницата во Кочани Read More »

Изгореле пет куќи во напуштеното радовишко село Шипковица


Пет стари и напуштени куќи изгореле во пожар во иселеното радовишко село Шипковица на планината Плачковица, а пожарот зафатил нискостеблеста шума и сува трева, соопштија денеска од СВР Струмица. Пожарот бил изгаснат од Територијалната против пожарна единица на Радовиш, а повредени лица нема. Увид на местото на пожарот извршила екипа на ОВР Радовиш.

Едно лице загина и тројца сe повредени во сообраќајна несреќа на преминот Стража


 Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево на превојот Стража. Според СВР Тетово, околу 12 часот пријавено е дека на магистралниот пат автомобил „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, …

Едно лице загина и тројца сe повредени во сообраќајна несреќа на преминот Стража Read More »

Африканска чума во Мралино, АХВ донесе Решение за определување заштитна зона


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за определување заштитна и зона под надзор поради потврда на појава на африканска чума кај свињите во село Мралино, Општина Илинден. Болеста е потврдена со лабораториски наод од Вeтеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во едно нерегистрирано одгледувалиште во ова село, каде до денеска …

Африканска чума во Мралино, АХВ донесе Решение за определување заштитна зона Read More »

Две жртви и повредени лица во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани


Две жртви и повредени лица има во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска во 12.42 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново, потврди за МИА портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Детали се најавни за подоцна.

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“


На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава додаток во исхраната „Zeo Medic“, деклариран како диететски. Станува збор за додаток во исхраната кој не е одобрен/регистриран и за кој нема гаранција дека е безбеден, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). АХВ апелира, граѓаните пред да решат да купат храна или додатоци во исхраната преку …

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“ Read More »

Виена на граѓаните им дава до 1.500 евра да се откажат од гасот


Виена се соочува со предизвици во спроведувањето на својата иницијатива „Да се ​​ослободиме од гасот“ за префрлање на домаќинствата на еколошки извори на енергија. Овој проект беше претставен лани во септември во Сараево како дел од конференцијата „Денови на науката во Виена“. Како што соопштија виенските власти, постојат различни причини зошто процесот на напуштање на …

Виена на граѓаните им дава до 1.500 евра да се откажат од гасот Read More »

Постапка за двете девојчиња што тепаа малолетничка, притвор за четири други малолетници


Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема две деца во судир со закон на возраст од 15 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство по член 386 став 3 во врска …

Постапка за двете девојчиња што тепаа малолетничка, притвор за четири други малолетници Read More »