Додека се обновува патот Битола-Меџитлија стана опасен за движење


  БИТОЛА – Рехабилитацијата на патот Битола-граничен премин Меџитлија уште не завршена однесе една жртва во последните две недели, а брои уште неколку сообраќајки. Обновата на патот која битолчани ја чекаа речиси четири децении, сега се споменува по трагични вести и сообраќајки (четири во последниве две недели), па битолчани на социјалните мрежи предупредуваат на опасностите …

Додека се обновува патот Битола-Меџитлија стана опасен за движење Read More »

„Браќа Манаки“ се отвори и со гламур и со револт на филмаџиите


  БИТОЛА – „Политичарите треба нас да нѐ молат, времињата се менуваат“. По оваа порака на актерката Лабина Митевска ќе се памети отворањето на годинешното 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Остри стрели и нескриен револт упатија филмаџиите до политичарите на синоќешното свечено отворање на фестивалот што го засени музичко-сценскиот спектакл со битолски …

„Браќа Манаки“ се отвори и со гламур и со револт на филмаџиите Read More »

Филмаџиите на „Браќа Манаки“ закажуваат масажа во Битола  


  БИТОЛА – Битола нема хотели од рангот на „Хилтон“, ниту „Мериот“, ама го има кафето на Широк Сокак, Пелистер, и срдечното добредојде за светските и домашните филмаџии од ИФФК „Браќа Манаки“. На еден ден пред почетокот на 44. издание на фестивалот, Битола се подготвува за еден од значајните културни збиднувања во градот што го …

Филмаџиите на „Браќа Манаки“ закажуваат масажа во Битола   Read More »

Амбасадорот Гир до битолските советници: За велосипедските патеки треба вие да одлучите


  БИТОЛА – Евроамбасадорот Дејвид Гир откако ги собра на заедничка средба битолските советници им порача дека за проектот со велосипедските патеки поддржан со европски пари треба да се одлучува во Советот. Во август на седница на Совет, новото мнозинство од СДСМ, „Поинаку“ и Левица ја тргнаа точката од дневен ред, со образложение дека немаат …

Амбасадорот Гир до битолските советници: За велосипедските патеки треба вие да одлучите Read More »

Евроамбасадорот Гир ги повикува битолските советници на средба, откако мнозинството закочи европски проект


  Битола – Евроамбасадорот Дејвид Гир во понеделник доаѓа во Битола на средба со претставниците на политичките партии и независни групи во битолскиот Совет. Ова е за прв пат евроамбасадор да побара групна средба со советниците од битолскиот Совет, велат советници кои имаат неколку мандати искуство во Советот. Во последниот период копјата во Советот се …

Евроамбасадорот Гир ги повикува битолските советници на средба, откако мнозинството закочи европски проект Read More »

Битолски „Водовод“ испорачува вода, а не наплатил дури 60 отсто од неа


  БИТОЛА – Во ЈП „Водовод“ Битола водата тече како од кладенец, се произведува, а не се фактурира и тоа високи 59 проценти во изминатите 4 години. Не се пресметувале камати за задоцнето плаќање, а се давале и попусти.   Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за битолски „Водовод“ и констатира низа на …

Битолски „Водовод“ испорачува вода, а не наплатил дури 60 отсто од неа Read More »

Битолчани сакаат да го паркираат автомобилот до масата во кафулето каде што седат


  БИТОЛА – Општина Битола ова лето проширува и реконструира неколку паркинг простори во централното градско подрачје, но дефинитивно на градот му се потребни уште неколку стотици нови паркинг места. Според ЈП „Паркинзи“ градот има околу 800 обележани паркинг места и оваа бројка е далеку од реалната за да ги задоволи потребите на возачите, па …

Битолчани сакаат да го паркираат автомобилот до масата во кафулето каде што седат Read More »

Во сезона на наводнување блокирана сметката на „Стрежево“: Апелација ја прифати жалбата на ЗК „Пелагонија“ на Цветан Пенделески


  Битола – Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола на бизнисменот Цветан Панделески, сепак успеа да ја блокира сметката на државното претпријатие Хидросистем „Стрежево“ – Битола за 26 милиони денари, неисплатена камата. Вака одлучил Апелацискиот суд во Битола на 21 август годинава, по жалбата на ЗК „Пелагонија“ откако претходно Основниот суд во Битола донесе решение да …

Во сезона на наводнување блокирана сметката на „Стрежево“: Апелација ја прифати жалбата на ЗК „Пелагонија“ на Цветан Пенделески Read More »

Европската делегација во Скопје одобри изградба на велосипедски патеки во Битола


  БИТОЛА – Европската делегација во Скопје дала согласност за изградба на велосипедски патеките во Битола во рамките на европскиот пограничен проект „Smart4you2“. Оваа информација за „Независен“ ја потврдуваат од канцеларијата на Европската делегација во Скопје, откако противењата и кавгите во битолскиот Совет меѓу власта и опозицијата се прекршија и врз овој европски проект каде …

Европската делегација во Скопје одобри изградба на велосипедски патеки во Битола Read More »

Политичкиот инает во Битола закочи европски проект од 400 илјади евра


БИТОЛА – Противењето на власта и опозицијата во Битола продолжува, а овој пат пречка на сопнување е европски проект и добиени средства од Европската Унија во висина од 400.000 евра. Едноставно кажано, прашањето е, дали да се реконструира објектот „Парк“, што е во целината на просторот на обновениот со европски пари Офицерскиот дом во Битола или …

Политичкиот инает во Битола закочи европски проект од 400 илјади евра Read More »

Професор Борче Треновски: Новиот предлог-буџет на Битола е потребно да се стави на седница, отворено продискутира и да се коригира


  БИТОЛА – Новиот предлог-буџет на Општина Битола треба да се разгледува на нова седница, каде ќе биде неопходно клучните засегнати страни – Градоначалникот и советниците да направат консензус – па истиот да се коригира и да се врати назад во Министерство за финансии, порачува универзитетскиот професор Борче Треновски, разгледувајќи ја најновата ситуација во Битола …

Професор Борче Треновски: Новиот предлог-буџет на Битола е потребно да се стави на седница, отворено продискутира и да се коригира Read More »

Раководителите на „Битолски Монмартр“ на распит во полицијата за носењето деца кај бугарски политичари


  БИТОЛА – Почнал распитот во битолската полиција за носење деца, членови на „Битолски Монмартр“, кај претседателот на Бугарија, Румен Радев и кај Симеон Втори, дознава „Независен“ од извори во истрагата. Децата, уметници, во два наврати во последната година беа фотографирани со политичарите и објавени во бугарски и македонски медиуми, без организаторите за тоа да …

Раководителите на „Битолски Монмартр“ на распит во полицијата за носењето деца кај бугарски политичари Read More »

Бизнисменот Цветан Панделески ги нападна битолските судии, работеле со двојни аршини


  БИТОЛА – Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ на бизнисменот Цветан Панделески продолжува да се жали во јавноста за тоа што не успеа да ја блокира сметката на ЈП „Стрежево“ во Битола, кое му должи неисплатена камата од 26 милиони денари по добиен судски спор откако претходно експресно му беа исплатени 1 милион евра од државната сметка. …

Бизнисменот Цветан Панделески ги нападна битолските судии, работеле со двојни аршини Read More »

Битола „гори“ во политички караници


  БИТОЛА – Од февруари годинава па наваму, граѓаните на Битола се како заложници на караниците на првите луѓе на локалната власт, на „труењето“ со две „вистини“. Обвинувањата кој работи и не работи и колку се работи законски ја прели чашата, а првиот човек на Советот, Габриела Илиевска, и првиот човек на општината, Тони Коњановски, …

Битола „гори“ во политички караници Read More »

Директорот на „Стрежево“ не му кревал телефон, па Цветан Панделески ја блокирал сметката на хидросистемот


  БИТОЛА – Бизнисменот Цветан Панделески, првиот човек на ЗК „Пелагонија“ од Битола наводно се решил да ја блокира сметката на хидросистемот „Стрежево“ поради игнорантскиот однос на директорот Методија Граматковски, кој не му кревал телефон на бизнисменот. Од Комбинатот велат дека претходно двајцата имале комуникација. Наводно, Граматковски ветил да помогне околу плаќањето на концесијата на …

Директорот на „Стрежево“ не му кревал телефон, па Цветан Панделески ја блокирал сметката на хидросистемот Read More »

Цветан Панделевски го блокира „Стрежево“ за неисплатена камата од 26 милиони денари 


  БИТОЛА – ЗК „Пелагонија“ на бизнисменот Цветан Панделевски ја блокирал сметката на ЈП „Стрежево“ од Битола за да си наплати сума од околу 26 милиони денари. „Стрежево“ Битола загуби судски спор од Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола во висина од 1 милион евра, а сумата се зголеми уште повисоко кога се вклучија каматите и …

Цветан Панделевски го блокира „Стрежево“ за неисплатена камата од 26 милиони денари  Read More »

„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“


  БИТОЛА – Раководството на „Битолски Монмартр“ ги злоупотреби децата, свои членови, за политички цели, носејќи ги во Бугарија на средби со претседателот Румен Радев и претходно со Симеон Втори, поранешен премиер и син на царот Борис Трети, како „декор за нечиј (политички) маркетинг“. Ова го тврди Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во одговор …

„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“ Read More »

„Кој беше Ванчо Михајлов?“: Жестока расправа во битолскиот суд


  БИТОЛА – Во тензична атмосфера, со жесток вокабулар, напати и со клевети и лични дискредитации, почна главната расправа на судењето на Љупчо Георгиевски, сега екс-претседател на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“.  Георгиевски според обвинителниот предлог се товари за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, или народски кажано за …

„Кој беше Ванчо Михајлов?“: Жестока расправа во битолскиот суд Read More »

Како „Мал битолски Монмартр“ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката


  БИТОЛА – Кој е Славчо Неделковски, битолчанецот кој децата од „Малиот битолски Монмартр“ само во последната година ги однесе во Бугарија на средби со царот Симеон Втори и претседателот Румен Радев. Неделковски од пред неполни две години е претседател на УО на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, откако почина творецот …

Како „Мал битолски Монмартр“ ја пречекори ликовната граница и премина во политиката Read More »

Бугарскиот финансиер Милен Врабевски доби измислена награда од „Мал битолски Монмартр“


  БИТОЛА – Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола измисли нова награда како да му се заблагодари на бугарскиот бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски, за финансиската помош на брендовите „Мал битолски Монмартр“ и Светската детска ликовна изложба – „Битола“. Наградата за Врабевски е прикажана како „висока“ награда „Мецена на уметноста за …

Бугарскиот финансиер Милен Врабевски доби измислена награда од „Мал битолски Монмартр“ Read More »