Истражување: Фановите на „Хари Потер“ имаат помалку прерасуди


Фановите на серијалот „Хари Потер“ на бротанската авторка Ј.К. Ролинг можеби немаат волшебни моќи, но се многу позадоволни бидејќи припаѓаат на група која е многу толерантна. Магазинот за применета социјална психологија открива дека децата кои ги читаат книгите за Хари Потер имаат помалку предрасуди, како и тоа дека имаат подобар став кон стигнатизираните групи. Истражувањето …

Истражување: Фановите на „Хари Потер“ имаат помалку прерасуди Read More »

Путин телефонски го брифирал Трамп по средбата со Асад


Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин денеска телефонски разговараа за Сирија, Северна Кореја и Украина, соопшти Белата куќа. Разговорот е реализиран еден ден по средбата на Путин со сирискиот претседател Башар Асад во Сочи. Рускиот претседател го прими сирискиот колега во црноморскиот туристички центар каде што утре ќе има средба на …

Путин телефонски го брифирал Трамп по средбата со Асад Read More »

Откажана Комисијата за законот за јазици


Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците е откажана. Претседателот на Комисијата за европски прашања (КЕП) на Собранието на Република Македонија, пратеникот Артан Груби ја одложи шестата седница на КЕП, на која на дневен ред беше второто читање на Законот за употреба на јазиците …

Откажана Комисијата за законот за јазици Read More »

Тајани: Приоритет е Балканот да биде дел од ЕУ


Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска изјави дека интеграцијата на Балканот е приоритет за Европската Унија. – Тоа е регионот кој треба да биде приоритет, изјави Тајани во Софија, кој се наоѓа во работна посета во Бугарија. На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, Тајани разговараше за безбедноста, миграцијата, стабилноста на Блискиот исток и …

Тајани: Приоритет е Балканот да биде дел од ЕУ Read More »

Кинескиот интернет гигант Тенсент го надмина Фејсбук на берзата


Берзанската вредност на кинескиот интернет гигант Тенсент денеска достигна рекордно ниво со што го надмина американскиот Фејсбук и влезе во првите пет најголеми светски групи. Тенсент, кој е оператор за видео игри и за популарната апликација за инстант пораки Вичет, го достигна нивото на своите противници од Силиконската долина и стана прва азиска технолошка група …

Кинескиот интернет гигант Тенсент го надмина Фејсбук на берзата Read More »

Пронајдени три дневника на Џон Ленон


Германската полиција пронајде стотина украдени предмети од наследството на Џон Ленон, меѓу кои три дневника, два чифта метални очила, табакери и нотни записи. Портпаролот на полицијата во Берлин, Винфрид Венцел денеска изјави дека наоѓањето на овие предмети има големо значење за музичкиот свет, како и за сопругата на Ленон, Јоко Оно. Предметите беа украдени од …

Пронајдени три дневника на Џон Ленон Read More »

Илир Мета во посета на Битола


Претседателот на Албанија Илир Мета беше денеска општина Битола, каде што, придружуван од градоначалничката Наташа Петровска, го посети Музејот на Албанската азбука. Мета потсети на големото историско значење на Битола, а исто така изрази верување дека во идниот период соработката помеѓу двете држави ќе се зголемува, како на локално, така и на централно ниво. „Исклучителна …

Илир Мета во посета на Битола Read More »

Шекеринска во Загреб: Членство на Македонија во НАТО за постабилен регион


Стабилен, безбеден и просперитетен регион е можен само доколку земјите аспиранти бидат целосно интегрирани во НАТО. Македонија на збор и дело покажува дека членството во НАТО е нејзин врвен приоритет, а за тоа има и безрезервна поддршка од Хрватска, било речено на денешната средба во Загреб на министерката Радмила Шекеринска и хрватскиот министер за одбрана …

Шекеринска во Загреб: Членство на Македонија во НАТО за постабилен регион Read More »

Судењето за „Труст“ продолжува в четврток


Судењето за случајот „Труст“ продолжува во четврток, откако, на денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд, беа сослушувани сведоци за предметот во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан. За овој случај се обвинети уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани, а за учество …

Судењето за „Труст“ продолжува в четврток Read More »

Мјанмар обвинет за етничко чистење на Рохинџите


Петчлена делегација на американскиот Конгрес го посети Мјанмар при што членот на делегацијата Џеф Меркли денеска изјави дека е вознемирен од острите напади на мјанмарската армија за кои рече дека наликуваат на кампања за етничко чистење на муслиманската заедница Рохинџи. Армијата на Мјанмар дејствува во областа Ракајн од август годинава, кога група Рохинџи герилци нападнаа …

Мјанмар обвинет за етничко чистење на Рохинџите Read More »

Заинтересираните инвеститори ќе вршат увид во состојбата на Фени


Заинтересираните потенцијални инвеститори за Фени Индустри, придружувани од претставници од трите банки најголеми доверители, од утре ќе вршат почетен увид во состојбата на комбинатот со цел да предложат план за реорганизација во соодветно време. За ова привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски веќе го информирал сегашниот сопственик Кунико, а начелна согласност дале и претставниците на Синдикатот …

Заинтересираните инвеститори ќе вршат увид во состојбата на Фени Read More »

ТДМ донира влезници за деца од Заводот за рехабилитација на деца и младинци и ПОУ „Др.Златан Сремац“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, Н.У. Театар за деца и младинци ќе го даде својот придонес за најмладите со донирање влезници за децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје за претставите што ќе се одржат на 24 ноември, како и влезници за децата од установата ПОУ „Др. Златан …

ТДМ донира влезници за деца од Заводот за рехабилитација на деца и младинци и ПОУ „Др.Златан Сремац“ Read More »

Седми смртен случај поради комода од ИКЕА, компанијата ќе го повлекува моделот од продажба


Шведската компанија ИКЕА повторно најави повлекување на 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го загуби едно дете. Извршниот директор на компанијата Ларс Петерсон изјави дека ИКЕА одлучи да повлече неколку видови на комоди, кои можат лесно да се превртат ако не се прицврстени за ѕид. Смртта на двегодишно дете од Калифорнија, …

Седми смртен случај поради комода од ИКЕА, компанијата ќе го повлекува моделот од продажба Read More »

Советник на Меркел бара договор за нова влада во рок од три недели


По неуспехот на преговорите за формирање нова влада на Германија, шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Питер Алтмајер, ги повика потенцијалните коалициски партнери да постигнат договор во рок од три недели. Доколку партиите не успеат да се договорат, се очекува Меркел да се определи за предвремени избори. Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел …

Советник на Меркел бара договор за нова влада во рок од три недели Read More »

Делчево: Бактерии од фекално потекло причина за труењето на учениците


Стафилококни токсини и бактерии од фекално потекло се причината за труењето на осумтемина лица од Делчево меѓу кои и шест ученици од делчевските деветолетки. Ова го покажаа резулатите од микробилошката анализа на храната и брисевите од сендвичарницата и од вработените, а д-р Магдалена Манасиева, директор на Центарот з а јавно здравје Кочани, денеска информираше дека …

Делчево: Бактерии од фекално потекло причина за труењето на учениците Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски манипулира, економските мерки на Владата се кошмар за граѓаните


Тевдовски ги манипулира граѓаните и фирмите со квази мерки за вработување, а во позадина ги зголемува даноците и ја презадолжува Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Тевдовски го проектираше досега најобемниот Буџет во историјата на државата, базиран на огромно задолжување од скоро 1 милијарда евра, без никаков раст во делот на капиталните инвестиции. Со неоснованото задолжување …

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски манипулира, економските мерки на Владата се кошмар за граѓаните Read More »

СЕММ: Ниту една влада не треба да одлучува во име на медиумите


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во пресрет на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска соопшти дека цврсто останува на ставот дека е потребно да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите. Во соопштението на СЕММ, се наведува дека ефикасното функционирање на …

СЕММ: Ниту една влада не треба да одлучува во име на медиумите Read More »

Тевдовски: Владата обезбеди 16 милиони евра за активни мерки за вработување


Скоро милијарда денари се предвидени со Предлог буџетот за 2018 година за активни мерки за вработување на граѓаните. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на промоцијата на новата кампања „ЕУ за тебе“, која се однесува на вработувањето, образованието и социјалната инклузија и на која учествуваше заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот во …

Тевдовски: Владата обезбеди 16 милиони евра за активни мерки за вработување Read More »

Заев-Вучиќ: Пред нашите земји се нови иницијативи


Традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји, како исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области, со меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси, констатираа македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба во Белград. На средбата …

Заев-Вучиќ: Пред нашите земји се нови иницијативи Read More »

Љајиќ: ЦЕФТА да го забрза протокот на стоки низ Балканот


Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ реагираше на долгото чекање на камионите кога минуваат од една во друга држава во регионот, кое трае од седум до 48 часа и побара реформи во регионалниот трговски блок ЦЕФТА, со што би се овозможил побрз проток на стоки низ Балканот. – Според податоците на ММФ, …

Љајиќ: ЦЕФТА да го забрза протокот на стоки низ Балканот Read More »