ДУИ ја бара и Банката за поддршка на развојот


ДУИ предложи шест имиња за директори откако претседателот на Владата, Зоран Заев, минатата недела објави дека ќе бидат разрешени директори, членови на Управни и на Надзорни одбори.  Како што објави телевизија „Алсат“, за Македонски железници- инфраструктура предложен е Фестим Халили, за Бирото за јавни набавки Елвадина Дика, за Агенцијата за странски инвестиции Арбен Вила, за …

ДУИ ја бара и Банката за поддршка на развојот Read More »

Се трудиме да веруваме како Жбогар


НАУМ КОТЕВСКИ Тргна работава. Среде крупната афера „Рекет“ која очигледно, како што вели шефот на државата Стево Пендаровски, оди низ многу слоеви на општеството – економски, криминални, но, за жал, и политички, стигна информацијата од Основниот кривичен суд дека по вторпат е одбиено барањето на осудениот бизнисмен Сеад Кочан поради болест да се одложи извршувањето …

Се трудиме да веруваме како Жбогар Read More »

Мицкоски не одговара кога му ѕвони Пендаровски


Образложението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека сега не е време за средба не го обесхрабри шефот на државата Стево Пендаровски. Тој најави вчера дека ќе продолжи да ги бара политичките актери со кои досега не успеал да оствари контакт и дека тоа ќе го прави до крајот на мандатот, затоа што, како што …

Мицкоски не одговара кога му ѕвони Пендаровски Read More »

Обвинителите досега не сведочеле за шефицата


Ниту еден обвинител од Специјалното јавно обвинителство засега не бил повикан во Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција да даде исказ за скандалот во кој е вмешана нивната шефица, специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева. Официјално, од Обвинителството велат дека до овој момент обвинителите немаат дадено исказ, но меѓу двете обвинителства имало …

Обвинителите досега не сведочеле за шефицата Read More »

Во Истанбул запленети фалсификувани долари во вредност од 271 милион евра


Турските власти во Истанбул запленија фалсификувани долари во вредност од 271 милион евра, објави турската телевизија НТВ. Според властите, тоа е најголемата сума фалсификувани банкноти што досега е запленета. При првична операција на полицијата не било откриено ништо, но подоцна била пронајдена врата зад голем електронски панел. Уапсени се пет лица, меѓу кои и еден …

Во Истанбул запленети фалсификувани долари во вредност од 271 милион евра Read More »

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева


Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството. – Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната …

Обвинителството го доби вештачењето за телефонот, нема сознанија каде е Јанева Read More »

Стефан Миленковиќ: Се радувам што ќе настапам во Охрид


Многу ми е драго што сум повторно тука. Со Охрид ме врзуваат спомени уште од детството, тоа е нешто повеќе од самите мои концерти, од самиот фестивал, тоа е практично дел од мојот живот и моето семејство. Тука сме престојувале со денови, седмици, тука имам многу пријатели, прекрасни музички спомени. Тоа го изјави познатиот виолинист …

Стефан Миленковиќ: Се радувам што ќе настапам во Охрид Read More »

(ВИДЕО) По кадата, во Охридското Езеро пронајдени и плочките од бањата


По пронаоѓањето на кадата фрлена во Охридското Езеро во близина на брегот, од нуркачкиот клуб „Акватек“ информираат дека пронашле и плочки. Спакувани во вреќа се пронајдени плочките, кои веројатно се фрлени откако сопственикот ја реновирал бањата. Никола Паскали од „Акватек“ информираше дека кадата е извлечена од езерото, но сè уште не е подигната од страна …

(ВИДЕО) По кадата, во Охридското Езеро пронајдени и плочките од бањата Read More »

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна


Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО. – Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот …

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна Read More »

Спасовски: МВР без налог на обвинителството и судот не може да знае каде е Јанева


МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, рече денеска во Прилеп министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање дали МВР знае каде е специјалната јавна пбвинителка Катица Јанева. -Ако тргнеме од тој принцип дека МВР …

Спасовски: МВР без налог на обвинителството и судот не може да знае каде е Јанева Read More »

Отворена плажата во Фукушима, осум години по нуклеарната катастрофа


  Голем број деца и сурфери влегоа вчера во морската вода во близина на нуклеарната централа Фукушима 1, првпат по хаваријата која се случи во 2011 година. Плажата Китаиѕуми, која е на околу 25 километри северно од нуклеарната централа, се исполни со луѓе откако властите на градот Минасома ја повлекоа забраната. Таа плажа била многу …

Отворена плажата во Фукушима, осум години по нуклеарната катастрофа Read More »

Француски „Репортер“: Преспа, рај на дива природа во срцето на Балканот


Речиси 50 години, Преспанските езера беа отсечени од светот, во корист на дивата природа. Денес, оваа погранична област меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција смета на екотуризмот за да ја спречи силната емиграција на нејзините жители, пишува во опширната репортажа францускиот портал „Репортер“, посветен на екологијата, пренесува дописникот на МИА. Репортерот Луј Сејер уште на …

Француски „Репортер“: Преспа, рај на дива природа во срцето на Балканот Read More »

Одбележани 18 години од загинувањето на Ѓоко Лазаревски во тетовски Лешок


Во тетовското село Лешок денес се одбележа 18-годишнината од загинувањето на Ѓооко Лазаревски, кој го загуби животот во одбрана на родното место во оружениот конфликт во 2001 година. Почит кон залагањето на Лазаревски и давањето најголема жртва својот живот за родното село, беше оддадена со минута молчење, положување цвеќе пред споменикот на Ѓоко, како и …

Одбележани 18 години од загинувањето на Ѓоко Лазаревски во тетовски Лешок Read More »

Пожар во предградие во западниот дел на Атика


Пожар во тревна област изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од грчката Противпожарна служба, соопштуваат дека во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, јави дописничката на МИА од Атина. …

Пожар во предградие во западниот дел на Атика Read More »

Заев: Мицотакис е искусен политичар кој сигурно ѝ мисли добро на својата земја


Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно ѝ мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион, вели премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Заев …

Заев: Мицотакис е искусен политичар кој сигурно ѝ мисли добро на својата земја Read More »

ЈО: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“


По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запаленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, изјавија за МИА од Јавното обвинителство. Глисерот е запаленет синоќа. Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М,  кои ги товари за кривично дело „примање награда …

ЈО: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“ Read More »

Три големи пожари во Португалија, осуммина повредени


Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини. Едно лице се здобило со тешки изгореници од прв и втор степен и со хеликоптер веднаш е префрлен в болница во Лисабон. Исто така, повредени се и седум …

Три големи пожари во Португалија, осуммина повредени Read More »

Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ


Од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на почетокот на расправата за гласање доверба на Владата, во делот посветен на нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, во едночасовното обраќање, кусо се задржа на …

Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ Read More »

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, УВ индексот 9


Времето во државата ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. …

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, УВ индексот 9 Read More »

За опозицијата прифатливо интегрирањето на СЈО во ЈО, но не и Русковска на раководна позиција


Пред пратениците следната недела во Собранието ќе се најде новиот текст на законот за Јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Опозицијата го прифаќа владиниот предлог за интегрирање на СЈО во ЈО, но не прифаќа истото да го предводи обвинителката Вилма …

За опозицијата прифатливо интегрирањето на СЈО во ЈО, но не и Русковска на раководна позиција Read More »