Марко Ѓуриќ тврди дека имаат документ со кој Приштина сака да ја обесмисли ЗСО


Директорот на српската владина Канцеларија за КиМ Марко Ѓуриќ на вонредна пресс конференција изјави дека Србија дошла преку свои канали до „автентичен документ“ кој Приштина го има врачено на САД и ЕУ за формирањето на Заедницата на српски општини(ЗСО). Тој изјави дека со документот „Приштина има намера да го обесмисли формирањето ЗСО и да го …

Марко Ѓуриќ тврди дека имаат документ со кој Приштина сака да ја обесмисли ЗСО Read More »

Јужна и Северна Кореја разговараа за воспоставуавње телефонска линија меѓу лидерите


Јужна и Северна Кореја денеска разговараа за воспоставување директна телефонска линија меѓу своите лидери, пред нивниот состанок планиран за крајот на овој месец. Состанокот бил одржан на севернокорејската страна од пограничното село Панмунџом и присуствуваа по три официјални претставници од Јужна и од Северна Кореја. Разговорите траеле три часа и се разговарало за технички предизвици …

Јужна и Северна Кореја разговараа за воспоставуавње телефонска линија меѓу лидерите Read More »

Мицкоски: Заев држи лекции за криминал


Христијан Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил објави реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев дека може да му држи лекции по економија на опозицискиот лидер. „Дојде до таму работата Заев да дели лекции за економија, но не разбира дека рибата не само што мириса од главата, или опашката како што милува Заев да каже, …

Мицкоски: Заев држи лекции за криминал Read More »

Ван Нистелрој: Уште од самиот почеток, Роналдо знаеше што сака


Руд ван Нистелрој, поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, а потоа во Реал Мадрид искажа пофалби за Португалецот по одличните партии во последно време. – Игра неверојатно, неговите голови се навистина добри, но оној со ножици не беше од оваа планета. Висината на која Кристијано го погоди овој шут е неверојатна, рече Нистелрој. …

Ван Нистелрој: Уште од самиот почеток, Роналдо знаеше што сака Read More »

Бобан Илиќ во притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата


Бобан Илиќ, кој во 2016 година со своето возило го усмрти четиригодишниот, Алмир Алиу, по барање на обвинителството е однесен во притвор до правосилноста на пресудата и отпочнување на издржување на казната, пишува Макфакс. Кумановскиот суд во четвртокот му изрече на триесетгодишниот Илиќ затворска казна во траење од 6 години за делото кое го извршил …

Бобан Илиќ во притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата Read More »

Благодатниот оган околу 20 часот ќе пристигне на аеродромот во Скопје


Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, вечерва од Ерусалим преку Софија, се очекува во периодот меѓу 19.30 до 20 часот да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. На аеродромот во Софија ќе го пречека бугарскиот патријарх Неофит, а …

Благодатниот оган околу 20 часот ќе пристигне на аеродромот во Скопје Read More »

Јапонија активираше први маринци по Втората светска војна


Јапонија ja активираше првата единица маринци од Втората светска војна која е обучена да се спротистави на инвазија на јапонски острови долж Источното Кинеско Море за кои Токио стравува дека се ранливи на можен напад од Кина. На свеченоста во воената база во близина на Сасеба, на југозападниот остров Кјушју, околу 1.500 припадници на десантна …

Јапонија активираше први маринци по Втората светска војна Read More »

Пронајдени експлозивни направи во куќа во Велешта


Полициски службеници од Струга вчера при претрес во стара куќа сопственост на 76-годишниот В.К. од  струшкото село Велешта, пронашле десет гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. МВР информира дека пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Заев по повод Велигден: Воздржувањето е најголема човечка вредност


Премиерот Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани. – Овој голем празник не повикува да ја отвориме нашата волја и да се усовршуваме како луѓе и личности имајќи го предвид подвигот …

Заев по повод Велигден: Воздржувањето е најголема човечка вредност Read More »

Иванов: Овој светол ден е темелот на нашата вера


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија. – Денот на Воскресението Христово – Велигден е најголемиот христијански празник. Овој светол ден е темелот на нашата вера. Се …

Иванов: Овој светол ден е темелот на нашата вера Read More »

Украден „Ланд Ровер Дискавери“ во Делчево


А.Д. (31) од Делчево синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Делчево пријавил дека истиот ден во периодот од 19.30 до 19.45 часот му било одземено неговото возило „Ланд Ровер Дискавери“ со бугарски национални ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Исчезнатата малолетничка од Драчево се врати дом


К.Л. (53) таткото на исчезната 14-годишна девојка вчера во 10:30 часот во Полициската станица Драчево, пријавил дека ќерка му се вратила дома. Како што наведуваат од МВР, девојката беше пријавена за исчезната на 4 април, а дома се вратила на 5 април во 02.00 часот.

ФБ ќе ги информира корисниците засегнати од скандалот Кембриџ Аналитика


Фејсбук ќе ги информира в понеделник преку нотификации на нивниот профил корисниците засегнати од скандалот со Кембриџ Аналитика. Највеќе 87 милиони Фејсбук корисници ширум светот, повеќето во Соединетите Американски Држави, а 2,7 милиони во ЕУ, биле жртви на нелегалното споделување на нивните лични податоци со фирмата Кембриџ Аналитика за политички цели, изјави Фејсбук. Информацијата ја …

ФБ ќе ги информира корисниците засегнати од скандалот Кембриџ Аналитика Read More »

Кривична пријава против 12 лица за убиството во Мала Речица


СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица. Како што соопшти МВР, поради постоење основано …

Кривична пријава против 12 лица за убиството во Мала Речица Read More »

Почина бебе од велешкото село Бузалково


Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково. – Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот, соопшти МВР. Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница …

Почина бебе од велешкото село Бузалково Read More »

Ловчански митрополит Гаврил: На македонската црква треба да и помогнеме мудро


На Македонската православна црква треба да и помогнеме мудро, без повторно да влеземе во раскол. Ова го изјави Ловчанскиот митрополит Гаврил, кој беше гостин на Велики петок на бугарската приватна телевизија БТВ. – Ние можеме да се заложиме да биде отфрлен расколот од Македонската црква. Сами ние не можеме да го тргнеме расколот бидејќи тоа …

Ловчански митрополит Гаврил: На македонската црква треба да и помогнеме мудро Read More »

Заев: На Мицкоски можам да му држам лекции од економија


„Лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за МИА што утре ќе биде објавено, а по повод постојаните, речиси секојдневни, напади од лидерот на опозицијата и неговата ВМРО-ДПМНЕ врз Владата дека во нивната работа има „многу политика, малку економија“, дека земјата е изложена на „економско цунами, …

Заев: На Мицкоски можам да му држам лекции од економија Read More »

Приведен велешанец оти се заканувал кон персоналот на болницата


Дваесет и двегодишниот Д.А. од Велес бил приведен вчера откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општата болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив. МВР соопшти дека на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и …

Приведен велешанец оти се заканувал кон персоналот на болницата Read More »

Лишен од слобода струмичанец кој поседувал марихуана


Полициски службеници вчера при контрола на патничко возило „Фолксваген“ со велешки регистарски ознаки на регионалниот пат Дојран – Богданци од слобода го лишиле П.К. (30) од Струмица, кој се барал по наредба од Основниот суд Струмица. МВР информира дека при прегледот во неговата јакната била пронајдена марихуана спакувана во лимена кутија. Со лицето бил извршен …

Лишен од слобода струмичанец кој поседувал марихуана Read More »

Девојка физички нападната од поранешното момче


Дваесет и двегодишната Џ.Ј. од тетовското село Селце со привремен престој во Тетово, вчера во полиција пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово. МВР информира дека во наведеното време тие договориле средба, Џ.Ј. се качила во неговото возило и додека се движеле настанала расправија …

Девојка физички нападната од поранешното момче Read More »