Заев по повод Велигден: Воздржувањето е најголема човечка вредност


Премиерот Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани.

– Овој голем празник не повикува да ја отвориме нашата волја и да се усовршуваме како луѓе и личности имајќи го предвид подвигот на Исус Христос и да ги чуваме душата и телото чисти, за да не бидеме задушени во мракот на невоздржувањето. Бидејќи, најголем пријател на верата и на луѓето можат да бидат токму воздржувањето и одговорноста. Тие човечки вредности можат со сигурност да ги ослободат, да ги зајакнат, да ги осилат душата и духот, се вели во честитката.

Со благодатта на распнатиот и воскреснатиот Христос, како што се наведува, во овие Велики денови, на сите православни христијани да Ви го честитам Воскресението Христово и нека биде за многаја лета.

Прмиерот Заев по повод празникот упати писмо со честитки и до Црковното претставништво и верниците на Евангелско-методистичката црква во Македонија.