Кузмановски нападнат по мечот со Еурофарм


Ракометарот на Металург, Филип Кузмановски бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу тимот од Автокоманда и Еурофарм. Инцидентот го потврдија од МВР од каде информираат дека 23 – годишниот скопјанец со иницијали А.Б. го извршил нападот, кога ракометарот излегувал од соблекувалната. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР

Македонија стана полноправна членка на Јадранско-jонската иницијатива


Македонија и формално стана полноправна членка на Јадранско – јонската иницијатива на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на оваа иницијатива што се одржа денеска во Катања, Сицилија. Делегација од македонското МНР, предводена од државниот секретар Виктор Димовски, учествуваше на состанок на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, во …

Македонија стана полноправна членка на Јадранско-jонската иницијатива Read More »

Грчки медиуми: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса


„Скопско прашање: Името повторно на маса“; „Двоен состанок на Коѕијас и Димитров со Нимиц во сенка на Илинден“; „Уште една шанса за решение на скопското прашање“; „Средба Димитров-Коѕијас: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за денешната средба во Њујорк на министрите за надворешни работи на …

Грчки медиуми: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса Read More »

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е време кога треба да си останете доследни на себе – имате моќна перцепциа, остроумност и добри увиди. Сепак обидете се даа не бидете саркастични и прво утврдете ја својата лидерска позиција, а потоа барајте соработници. Не барајте аргументи – повлечете се. БИК: Пред вас се отвара патот на судбината и вие поаѓате …

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес Read More »

Уапсени македонски државјани во Грција со 6,5 кг хероин


Со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети и скриени во шасијата на автомобилот, двајца странски државјани, доцна синоќа беа уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица, соопштуваат од грчката крајбрежна служба. Според информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години. …

Уапсени македонски државјани во Грција со 6,5 кг хероин Read More »

Една година влада на Заев, една година економски пропаст


Економијата во Македонија, од водечка во регионот, по само една година е на дното на Европа. Очигледно дека целата влада на Заев нема никаква координација. Владата на Заев не отвора нови работни места, напротив, сведоци сме дека се затвораат фабрики Александар Николоски Изминува една година од формирањето на владата на Заев, а ние сме сведоци …

Една година влада на Заев, една година економски пропаст Read More »

Свирепо убиство во Косово: Татко до смрт го претепал 14-годишниот син


Косовската полиција информира за тешко злосторство во селото Карачево крај Каменица, каде што татко го убил својот 14-годишен син, јави дописникот на МИА од Приштина. Врз жртвата Л.Б., роден 2004 година, според полицијата, е извршено физичко насилство со дрвен стап вчера околу 19 часот, од страна на неговиот татко Г.Б., роден 1958 година. Откако го …

Свирепо убиство во Косово: Татко до смрт го претепал 14-годишниот син Read More »

Го застрелал оти ја раскинал веридбата со ќерка му


Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на ул „18“ застанал со моторното возило „Фиат Пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“. Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира …

Го застрелал оти ја раскинал веридбата со ќерка му Read More »

Дел од граѓаните на продолжен викенд во Грција


Зголемена сообраќајна фреквенција на граничниот премин „Богородица“ за продолжениот викенд, особено на туристи и патнички возила кои се упатуваат кон Грција. – Работиме со полн човечки и инфраструктурен капацитет за да ги задоволиме потребите на сите што одлучиле да патуваат преку овој граничен премин. Ангажирани се сите шест сообраќајни ленти од кои пет за патничките …

Дел од граѓаните на продолжен викенд во Грција Read More »

Во Њујорк одиме со „Република Илинденска Македонија“, Грција со предлозите на Нимиц


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштија од македонското МНР. Во пресрет на новата рунда разговори за името, од македонската Влада потврдија дека остануваат на …

Во Њујорк одиме со „Република Илинденска Македонија“, Грција со предлозите на Нимиц Read More »

Коѕијас: Другата страна да покаже прагматизам и реализам за решение


Решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со генералниот секретар на ОН, а во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц. – Јас велам дека сум ниту оптимист, ниту песимист, …

Коѕијас: Другата страна да покаже прагматизам и реализам за решение Read More »

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил


Премиерот, Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“. Како што соопшти владината прес служба, денеска, премиерот Заев и делегацијата ќе …

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил Read More »

(ВИДЕО) Драмски театар повторно прокисна: Во салата врне исто како надвор


Драмскиот театар повторно има проблеми кога времето е врнежливо, па така и вечерва кровот прокисна и дождот врнеше исто како и надвор. Од видеото кое се споделува на социјалната мрежа Фејсбук може да се види, но и да се слушне дождот кој врне внатре во театар. Луѓето кои се затекнати внатре се обидуваат брзо да …

(ВИДЕО) Драмски театар повторно прокисна: Во салата врне исто како надвор Read More »

Мицкоски: Да беше судството независно, ќе ве осудеа


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев рече дека судството е заробено повеќе од било кога. Според него, тоа е така бидејќи Заев пред неколку дена доби ослободителна пресуда за случајот Поткуп. – Разговарам со граѓаните низ цела Македонија и она што тие граѓани ги прави несреќни е што …

Мицкоски: Да беше судството независно, ќе ве осудеа Read More »

Заев: 30 години моите фирми плаќаат данок и даваат плати


Премирот на Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше и за фирмите кои се во сопственост на неговата фамилија. – Ме обвинувате за фирмите на Заеви дека работеле, па тие фирми 11 години беа под лупа на тогашната власт и не најдоа ништо. Ние …

Заев: 30 години моите фирми плаќаат данок и даваат плати Read More »

(ВО ЖИВО) ТВ дуел за првпат по 11 години: Заев и Мицкоски се соочија на МТВ


Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се соочуваат на ТВ дуел во МРТВ. Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот, а според него, соговорниците ќе ги спротивстават своите погледи и ставови за повеќе актуелни теми …

(ВО ЖИВО) ТВ дуел за првпат по 11 години: Заев и Мицкоски се соочија на МТВ Read More »

ПСЖ без Лука Карабатиќ на завршниот турнир во Келн


Ракометкиот клуб Пари Сен Жермен на завршниот турнир во Келн нема да може да смета на пикерот Лука Карабатиќ, кој поради повреда нема да настапи  на натпреварот против Нант. Ракометарот се повреди на првиот четвртфинален дуел против Киелце, а оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Тренерот на ПСЖ, Звонимир Сердарушиќ соопшти дека се уште трае рехабилитацијата …

ПСЖ без Лука Карабатиќ на завршниот турнир во Келн Read More »

Заев-Палмер: Поддршка од Вашингтон за разговорите за спорот со името


Премиерот Зоран Заев, попладневно во Скопје одржа средба со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер на која Палмер јасно ја реафирмираше поддршката на Вашингтон кон процесите кои ги реализира Владата за интеграција во НАТО и во ЕУ. Палмер, информираат од владината прес-служба, ја повтори и искрената определба, како и поддршка на …

Заев-Палмер: Поддршка од Вашингтон за разговорите за спорот со името Read More »

Џафери-Брнабиќ: Регионалната соработка и европаскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан


Регионалната соработка и европаскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан, констатираа српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната средба во Белград. – Србија е определена за развој на пријателските односи, базирани на заедничката историја и традиционалните блиски врски на двата народа, изјавила Брнабиќ, …

Џафери-Брнабиќ: Регионалната соработка и европаскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан Read More »

Фон дер Мил: Решение за името е во интерес на двете земји, на регионот и Европа


Франција денеска упати охрабрување до властите во Македонија и Грција за продолжување на напорите за постигнување решение за името што се водат под покровителство на ОН, со цел постигнување на долгоочекуваниот договор. – Франција ги поддржува напорите на Скопје и на Атина, во координација со медијаторот на Обединетите нации, за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение поврзано со …

Фон дер Мил: Решение за името е во интерес на двете земји, на регионот и Европа Read More »