Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е време кога треба да си останете доследни на себе – имате моќна перцепциа, остроумност и добри увиди. Сепак обидете се даа не бидете саркастични и прво утврдете ја својата лидерска позиција, а потоа барајте соработници. Не барајте аргументи – повлечете се.

БИК: Пред вас се отвара патот на судбината и вие поаѓате во остварување на својата карма. Работите се движат во саканиот правец и доживувате неочекувана среќа. Бидете храбри, а истовремено и внимателни за да избегнете навреди или завист кај другите. Успешен период.

БЛИЗНАЦИ: Денес успевате да се ослобидите од менталните потешкотии или болест. Одбивате да учевствувате во нечесни зделки или срамни чинови – сега сте несебични, доследни и верни, а само на тој начин ќе избегнете можни катастрофални случки. Време е за креативните проекти.

РАК: Постигувате баланс и вантрешна хармонија после долг и тежок период. Потпишување на договори, согласувања или помирувања на фер начин. Работите доживуваат своевиден еквилибриум и судбината е задоволена. Работите се движат во саканата насока на легален план.

ЛАВ: Работите се движат бавно, но во посакувана насока. Очигледно е дека треба да поработите и уште малку да почекате. Сега е добро да го откажете планираното патување и добро да размислите за својата позиција пред да направите било што понатаму. Победа над тешкотиите.

ДЕВИЦА: Не си дозволувајте да бидете вовлечени во безначајни кавги, мотивирани единствено од лажен престиж, его, финансиски награди или чисти страсти. Обидете се да се повлечете на сигурно, избегнувајќи ја потенцијалната неслога. Соочување со потемната страна кај луѓето.

ВАГА: Успешна трансформација на вашите сили и таленти, како и длабоки увиди и искуство. Сега е добро да погледнете во минатото, за да сватите подобро што се случува во сегашноста – дозволете ѝ на интуицијата да ве води на ова патување и ослободете се од сѐ што минало. Мир.

СКОРПИЈА: Денес го отварате своето срце кон убавите работи во животот – можни средби со стари пријатели и познаници, како и сеќавање на убавите моменти од минатото кои будат радост и среќа. Доживувате младешка радост и сексуална невиност. Природен баланс на силите

СТРЕЛЕЦ: Денот го минувате во контемплација за идните планови – се појавуваат повеќе можности, но вие сте склони да ги распрснете своите сили на повеќе страни и да се дефокусирате со лажни избори. Не учевствувајте во озборувања, туку засукајте ги ракавите сега.

ЈАРЕЦ: Сконцентрирајте ја својата сила и моќ кон остварување на своите планови и желби, но обидете се да не форсирате премногу. Иако ова е поволен период за вас, не брзајте, туку континуирано имајте ја целта пред очи и штедете за сега. Бидете внимателни со информациите.

ВОДОЛИЈА: Денес се соочувате со светска моќ, сила или авторитет и добро владеете со своето однесување, говор и логика. Ќе имате шанса да ја покажете својата интелигенција, искуство и самоувереност на конструктивен начин – сега сте мотивирачка сила за промени во светот. Резон.

РИБИ: На хоризонтот се појавуваат нови и невообичаени можности и пријателства, а со тоа се буди вашиот апетит за љубовта и животот. Свативте каде грешите и тоа ве води до духовно будење и појава на нови амбиции. Отпчнете таму каде што застанавте и бројте ги благословите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]