Сончево со температури до 36 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во планинските региони. УВ индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени. Во Скопје ќе биде …

Сончево со температури до 36 степени Read More »

Пожар на Закинтос, брзо се шири поради ветерот


Пожар избувна синоќа на грчкиот остров Закинтос, кој брзо се проширил благодарение на силниот сув ветер. Како што јави грчката агенција АНА-МПА, пожарот започнал во селото Каламаки и се шири со два огнени фронта. Во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број пожарникари, на кои од воздух им помага и хеликоптер.

Разногласие во ВМРО-ДПМНЕ – и за референдумот


Разногласие за претстојниот референдум владее во највисоките кругови на ВМРО-ДПМНЕ. Партиските функционери се поделени во ставовите дали треба да се бојкотира изјаснувањето на граѓаните или да се излезе и да се гласа „не“ на поставеното прашање, како што има и размислувања дека треба да се даде позитивен одговор во име на интеграцијата на Македонија во …

Разногласие во ВМРО-ДПМНЕ – и за референдумот Read More »

Дескоска за „Фокус“: Ако нема цензус, договорот останува во сила


„Договорот со Грција е склучен и е ратификуван во Собранието. Граѓаните имаат можност да го поддржат или да го сменат на референдум. Тие што нема да гласаат на референдумот всушност не помагаат за отфрлање на договорот. Се прашувам, дали можеби ВМРО-ДПМНЕ со евентуална одлука за бојкот, молчешкум го поддржува договорот и се задоволни што спорот …

Дескоска за „Фокус“: Ако нема цензус, договорот останува во сила Read More »

Добротворен хакатон кој ќе обедини дизајнери, програмери и софтвер тестери


На 22 и 23 септември ќе се одржи добротворниот хакатон „KindHack“, на кој може да учествуваат невладини организации и институции од Скопје и пошироко, кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање. „Хакатонот е одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да …

Добротворен хакатон кој ќе обедини дизајнери, програмери и софтвер тестери Read More »

Апанажата за партиите во плус, контролата во минус


Апанажата за партиите во плус, контролата во минус. Вака најкратко може да се објасни договорот на политичките партии нивното финансирање многу повеќе да зависи од буџетот на државата, а за трошењето на парите на граѓаните да не се обезбедени дополнителни контролни механизми. Како што е објавено, новиот закон за финансирање на партиите предвидува зголемување на …

Апанажата за партиите во плус, контролата во минус Read More »

АВМУ за референдумот: Медиумите да известуваат професионално, без заземање страна


Медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да емитуваат пораки насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на земјата, кон поттикнување, повикување или кон разгорување воена агресија, говор на омраза или да поттикнуваат национална, верска, расна и етничка омраза, ксенофобија или други форми на омраза, повика …

АВМУ за референдумот: Медиумите да известуваат професионално, без заземање страна Read More »

Грчките медиуми ја нотираа одлуката за референдум на 30 септември во Македонија


„ПЈРМ: За 30 септември закажан референдумот“; „На 30 септември референдумот во ПЈРМ“; „На 30 септември референдум во ПЈРМ за Договорот од Преспа“; „Кое е прашањето на раферендумот во ПЈРМ на 30 септември?“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за распишаниот референдум кај нас. „Собранието на ПЈРМ го одреди 30 септември како …

Грчките медиуми ја нотираа одлуката за референдум на 30 септември во Македонија Read More »

Заев: Сега е момент да ја преземеме одговорноста за иднината


Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, нагласувајќи дека сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината. – Секој од нас е должен да ја преземе одговорноста за својата иднина и за иднината на својата земја. Вашиот глас е …

Заев: Сега е момент да ја преземеме одговорноста за иднината Read More »

Џафери: Кампањата за референдумот почнува на 10 септември


Парламентот ќе работи до 10 септември кога претседателот на Парламентот Талат Џафери очекува да почне кампањата за референдумот, што, пак, веќе е закажан за 30 септември. Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека носители на кампањата би можеле да бидат политичките партии, но и Владата, па дури и Собранието. – Веке три децении …

Џафери: Кампањата за референдумот почнува на 10 септември Read More »

Адеми: Во учебниците по историја ќе има пријатно изненадување


Сите челници во општеството, а особено носителите на јавни и политички функции своите активности треба да ги усогласат со стратешките цели – членството на нашата земја во НАТО и ЕУ, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање за измени во учебниците по историја и во други учебници откако се постигнати …

Адеми: Во учебниците по историја ќе има пријатно изненадување Read More »

Договорот со Грција ќе го чека референдумот


Спикерот Талат Џафери објави денеска дека ќе почека да помине референдумот пред да го испрати во Службен весник Законот за ратификација на договорот со Грција. Со оглед на тоа што Собранието донесе одлука за референдум, рече Џафери, логично е да го почекаме исходот од референдумот. Договорот со Грција е составен дел од референдумското прашање за …

Договорот со Грција ќе го чека референдумот Read More »

Анѓушев: Економијата се мери со бројки, а не со политизирање


Растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни годинава во однос на истиот период лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата. – Економијата се мери …

Анѓушев: Економијата се мери со бројки, а не со политизирање Read More »

Пратениците заминуваат на продолжен одмор


Пратениците заминуваат на годишен одмор откако вчера го распишаа референдумот. Одлуката за распишување на референдумот, како што соопшти претседателот на парламентот Талат Џафери веднаш е објавена во Службен весник и веќе е стапена на сила. Останува уште дел од пратениците да ги завршат обврските околу одбележувањето на 2 август и потоа може да заминат на …

Пратениците заминуваат на продолжен одмор Read More »

(ФОТО/ВИДЕО) Мирисот на чадот во Рафина, сè уште сведочи за трагедијата во Грција


Како поминуваат деновите, бројот на загинати во катастрофалните пожари во поширокиот регион на Атина, дополнително се зголемува. И една седмица подоцна, уште никој не може да поверува како за само неколку часа огнената стихија одзеде над 90 животи. Минатиот понеделник, додека сите погледи беа насочени кон западниот дел на областа Атика, каде што големиот шумски …

(ФОТО/ВИДЕО) Мирисот на чадот во Рафина, сè уште сведочи за трагедијата во Грција Read More »

За Илинден нестабилно време, во петок пороен дожд и грмежи


Нестабилно време најавува УХМР за 2-ри август, кога Македонија го одбележува националниот празник Илинден. Во петок на повеќе места се очекуваат поинтензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба УХМР.

Неготинец пронајден мртов крај отворен трансформатор


Педесет и седумгодишниот М.Ј. вчера бил пронајден мртов од страна на неговата сопруга покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник, Неготинско. Како што соопшти МВР, случајот во Полициската станица Неготино го пријавиле вчера изутрина во 07:00 часот од Итната медицинска помош од Неготино. Извршен бил увид на местото на настанот. По …

Неготинец пронајден мртов крај отворен трансформатор Read More »

Грантовите „плачат“ за Антикорупциска комисија


Поранешни антикорупционери препознаваат судир на интереси и корупција во аферата со доделувањето грантови на компании чии сопственици се јавни функционери, меѓу кои вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец. Но сега, кога пукна скандалот, Државната комисија за спречување на корупцијата има само двајца членови. Останатите петмина членови и претседателот си дадоа оставка откако …

Грантовите „плачат“ за Антикорупциска комисија Read More »

Референдумот за името распишан со 68 гласа „за“


Собранието го распиша референдумот што ќе се одржи на 30 септември, ќе биде консултативен, а граѓаните ќе треба да одговорат со „да“ или „не“ на прашањето дали се за влез во ЕУ и во НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. За Одлуката за распишување на референдумот гласаа сите 68 пратеници што беа …

Референдумот за името распишан со 68 гласа „за“ Read More »

Трамп сакал Иванка да се омажи за Том Брејди, но вели – „го добив Џаред Кушнер“


Доналд Трамп се пошегувал – „неколку пати“ – дека неговата ќерка Иванка Трамп можела да се омажи за прочуениот квотербек на рагби тимот „Патриотс“, Том Брејди, изјавиле сведоци за „Њујорк тајмс“. „Наместо него“, изјавил наводно претседателот, „ја го добив Џаред Кушнер“ за зет. Овие изјави на Трамп се повеќе желба поради комплицираните односи со Кушнер. …

Трамп сакал Иванка да се омажи за Том Брејди, но вели – „го добив Џаред Кушнер“ Read More »