Неготинец пронајден мртов крај отворен трансформатор


Педесет и седумгодишниот М.Ј. вчера бил пронајден мртов од страна на неговата сопруга покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник, Неготинско.

Како што соопшти МВР, случајот во Полициската станица Неготино го пријавиле вчера изутрина во 07:00 часот од Итната медицинска помош од Неготино.

Извршен бил увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.