Слободни вкупно 5496 студентски легла, во тек електронското пријавување


Рокот за електронско пријавување на редовните студенти од втора и повисоките студиски години за сместување во студентските домови во академската 2018/2019 година трае до 15 август, а за студентите од прва година ќе биде од 7-ми до 14 септември. Според Конкурсот што го објави МОН, во 11 студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп …

Слободни вкупно 5496 студентски легла, во тек електронското пријавување Read More »

Охридската пастрмка во опасност од физичко истребување


Ендемичниот вид Охридска пастрмка (Salmo letnica) ја губи битката со антропогениот фактор кој е виновникот за драстичното намалување на нејзината популација. За намалувањето на вкупниот рибен фонд во Охридското Езеро влијаат многу фактори, но најголем предизвик за рибите, вклучувајќи ја тука и пастрмката и нејзиниот опстанок, е прекумерниот излов што се одвива на двете страни …

Охридската пастрмка во опасност од физичко истребување Read More »

Штрковите ќе бидат заштитен знак на Стојаково


Месната заедница од село Стојаково, општина Богданци, заедно со Македонското еколошко друштво, неодамна со помош на дрон направи снимање на сите гнезда со цел да се изврши првото броење на штрковите во ова населено место кое се смета меѓу местата со најголем број  штркови во Македонија. – Снимањето и броењето на штрковите до некаде ја …

Штрковите ќе бидат заштитен знак на Стојаково Read More »

СДСМ и МРТ – нетрпеливост без крај


Речиси една и пол година по смената на власта, во МРТ владее истото раководство што СДСМ додека беше во опозиција го обвинуваше за пристрасност и необјективност и бараше негова смена. Сега, СДСМ, од позиција на владејачка партија, бара оставки од програмскиот совет, директорите и уредниците во јавниот сервис, а најнов повод за тоа е отворената …

СДСМ и МРТ – нетрпеливост без крај Read More »

Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица


Скопје утре ќе одбележи две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 …

Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица Read More »

Џип излета од Мавровската крстосница, три лица повредени


Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај т.н. Мавровска крстосница – Маврови Анови, соопшти МВР. Несреќата се случила околу 23:40 часот. Со возилото управувал А.А. (26) од село Жировница кој е полесно повреден. Тој и А.З.(26), П.Б.(28) и С.Е.(25) се пренесени …

Џип излета од Мавровската крстосница, три лица повредени Read More »

Наскоро во Германија ќе се вози со македонски возачки дозволи


Македонските државјани кои се на привремена работа во Германија и оние кои планираат да продолжат да живеат во оваа земја се во исчекување на конечно стапување во сила на мерката, која ја договараа двете влади за взамно признавање на возачките дозволи. Од македонското Министерство за внатрешни работи за МИА велат дека договорот треба да биде …

Наскоро во Германија ќе се вози со македонски возачки дозволи Read More »

Тешко повредено девојче во судир меѓу две возила


Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава. Како што соопшти МВР, се судриле две патнички возила „Фолксваген“ со струмички регистерски таблички управувано од К.Б. (26) од Струмица и „Рено“ со словенечки таблички управувано од Д.С. (25) со престој во Република Словенија. Во незгодата тешки телесни …

Тешко повредено девојче во судир меѓу две возила Read More »

Третина од домаќинствата во Македонија немаат автомобил


Бројот на автомобили во Македонија е во постојан раст, но сепак повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија не поседувале патнички автомобил во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според извештајот на ДЗС за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот 2015 – 2017 година, патнички автомобил имале 59.6 …

Третина од домаќинствата во Македонија немаат автомобил Read More »

Сончево време со температура од 36 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен и северозападен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневната максимална температура ќе се движи меѓу 29 и 36 степени. Во наредните денови времето ќе за задржи малку до умерено облачно и релативно топло, со слаб до …

Сончево време со температура од 36 степени Read More »

МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки


Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството. – Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е …

МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки Read More »

Иванов потпали „востание“ против Владата: Најсрамна прослава за најголемиот празник


  Полицијата идентификувала десетина учесници во инцидентот на Мечкин Камен за прославата на 115-годишнината од Илинденското востание и тие се повикани на распит. Од МВР, во соработка со Обвинителството, продолжуваат со расчистување на случаите на говор на омраза за време на манифестацијата, а според најавите ќе се испитува и дали има пропусти во безбедносните проценки. …

Иванов потпали „востание“ против Владата: Најсрамна прослава за најголемиот празник Read More »

Иванов жали за инцидентот, ама не чувствува одговорност


Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов вечерва соопштија дека жалат за инцидентот во Крушево, но дека тој не бил предизвикан од пораките во говорот на претседателот. – Претседателот на Македонија никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза. Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но …

Иванов жали за инцидентот, ама не чувствува одговорност Read More »

Заев и Борисов повторно заедно на Илинден


Благоевград – Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, попладнево заедно чествуваа 115 години од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Благоевград. Како што пренесе Бугарската новинаска агенција БТА, Заев во говорот искажа благодарност за поканата од Бугарија да биде дел од одбележувањето и посочи дека денеска …

Заев и Борисов повторно заедно на Илинден Read More »

Модриќ може да си оди од Реал, ама за 750 милиони евра


Мадрид – Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги отфрли гласините за заминувањето на Лука Модриќ во Интер и постави невозможен услов за негов трансфер. Од Реал наведуваат дека по продажбата на Кристијано Роналдо, не се заинтересирани за продажба на Модриќ. Тој има договор со шпанскиот клуб до 2020 година, а најверојатно ќе добие и …

Модриќ може да си оди од Реал, ама за 750 милиони евра Read More »

МВР го расчистува инцидентот во Крушево


Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа предмети кон делегациите. – Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи, во содејство со …

МВР го расчистува инцидентот во Крушево Read More »

Општина Крушево се огради од скандалот: „Нека им суди историјата“


Општина Крушево се оградува од омразата и навредите изнесени на Мечкин Камен, стои во реакцијата што е објавена на официјалната веб-страница на локалната самоуправа. – На 115 години од Илинденското востание,  Крушево беше сведок на демонстрирање омраза и нетрпеливост, како и непочитување на идеалите на Крушевскиот манифест и на борците за слобода. Денес во Крушево, …

Општина Крушево се огради од скандалот: „Нека им суди историјата“ Read More »

МНР бара информација од Авганистан за убиениот македонски државјанин


Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило барање за официјална информација до авганистанските институции во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан. – Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за …

МНР бара информација од Авганистан за убиениот македонски државјанин Read More »

Борисов: Се чувствува нов дух на соработка со Македонија


Благоевград – Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание. Повикувајќи се на прес-службата на бугарската …

Борисов: Се чувствува нов дух на соработка со Македонија Read More »

Манчевски за говорот на Мечкин Камен: Иванов шири омраза


– Ѓорге Иванов не е достоен на функцијата што ја извршува. Тој денеска повторно се обиде да ја врати Македонија во изолација, каде што ја доведоа заедно со неговиот политички ментор Никола Груевски. Денеска Иванов се постави против стратешките интереси на Македонија, против ЕУ и НАТО, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски …

Манчевски за говорот на Мечкин Камен: Иванов шири омраза Read More »