Во Тирана затворена фабрика за месо поради нехигиенски услови


Фабрика за месо е затвроена во Тирана, при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови. Во полициската акција насловена „Rotten meat“ уапсен е жител на Косово, јавија албански медиуми. Уапсен е Арсим Чудрина (55) поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и во Шенгѓин, без фактури. …

Во Тирана затворена фабрика за месо поради нехигиенски услови Read More »

Базар на рачни изработки во недела во хотел Континентал


Поп-ап базар на ракотворби ќе се одржува на 19 август во хотел Континентал во соработка со Институт „Креативна Македонија“. Настанот ќе започне во 17 часот. – Ова е одлична прилика да се дружите, забавувате, да дознаете нешто ново и да си заминете со нешто уникатно.Покрај занаетчиите и ракотворците, чуварите и одржувачи на духот на рачната …

Базар на рачни изработки во недела во хотел Континентал Read More »

Се бришат починати лица од Избирачкиот список, увидот трае до 23 август


Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од Избирачкиот список. Според информациите од подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Кисела Вода станува збор за починати лица, за кои изводи од умрените до нив доставиле по службена должност месните канцеларии на Управата за матична евиденција по …

Се бришат починати лица од Избирачкиот список, увидот трае до 23 август Read More »

СДСМ: Нарачаната лажна анкета од Божиновски за храбрење на ВМРО-ДПМНЕ


Од владејачката партија СДСМ велат дека е лажна и нарачана анкетата на Институтот за политички истражувања која покажува предност во рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. „Нарачаната лажна анкета на Институтот за политички истражувања го потврдува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од решителноста на граѓаните да изберат светла иднина наместо темно минато. Овој институт е добро познат за јавноста кога …

СДСМ: Нарачаната лажна анкета од Божиновски за храбрење на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Украл фотографија од Фејсбук профил на полицаец и се заканувал по луѓе


Во полициската станица „Бит Пазар“ полициски службеник од Скопје пријавил дека е злоупотребена негова фотографија преземена од социјалната мрежа Фејсбук. „Непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на …

Украл фотографија од Фејсбук профил на полицаец и се заканувал по луѓе Read More »

ФИТР: Четири компании пријавија носители на јавни функции во сопственичката структура


Четири од вкупно 77-те компании – апликанти, добитници на средства од првиот повик од Планот за економски раст – трет столб се изјасниле дека во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство. Инвестициските проекти на четирите компании, како што велат од Фондот за иновации и технолошки …

ФИТР: Четири компании пријавија носители на јавни функции во сопственичката структура Read More »

Страв за податоците оти уште нема казни за платите објавени пред две години


Граѓанските стравувања никогаш не се ирационални. Подучени од минатото и неуверени дека сегашноста е сосем спротивна на она што го доживеале, граѓаните генерално се против можноста Управата за јавни приходи и Царинската управа да имаат постојан увид во нивните банкарски сметки. И не е само обично потсетување дека и покрај тоа што законски беше недозволено, …

Страв за податоците оти уште нема казни за платите објавени пред две години Read More »

Американски КФЦ на 14 септември ги отвора првите два ресторана во Македонија


Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава. Ова го најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери на средба со премиерот Зоран Заев. Како што соопштуваат од владината прес-служба, американската компанија ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис план планирано е да …

Американски КФЦ на 14 септември ги отвора првите два ресторана во Македонија Read More »

Повици во Турција за бојкот на американски производи


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон. – САД економски не напаѓаат не само нас, туку и Кина, Русија, Иран и Европа. Ја нападнаа дури и Канада. Но, против нас е преземена операција. Ќе ја бојкотираме …

Повици во Турција за бојкот на американски производи Read More »

На „МакеДокс“ за една недела ќе бидат прикажани 70 филмови


Со прикажување на краткометражниот филм „Вај – Фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенборн во чешко, кубанска и шпанска копродукција и на долгометражниот филм „Кеди“ на режисерката Сејда Торун во американска копродукција на 16 август во Куршумли-ан ќе биде отворено деветтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“. На него ќе бидат прикажани 70 …

На „МакеДокс“ за една недела ќе бидат прикажани 70 филмови Read More »

Царината ќе може да блокира трансакциски сметки на граѓани за царински долг


Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг. Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски појасни дека досега постапката се вршела преку УЈП, бидејќи немало законски основ да побараат блокирање на сметката директно во банка. …

Царината ќе може да блокира трансакциски сметки на граѓани за царински долг Read More »

(ФОТО/ВИДЕО) Благој Нацоски: Добро сум, но и шокиран од трагедијата во Џенова


Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова, се огласи денеска на социјалните мрежи, да соопшти дека е добро откако се случи  несреќа на фреквентен автопат во градот во кој живее. – Ви благодарам на сите за пораките. Jас сум добро, дома сум шокиран. Денеска требаше да поминам на тој …

(ФОТО/ВИДЕО) Благој Нацоски: Добро сум, но и шокиран од трагедијата во Џенова Read More »

Горан Пандев: Најдоцна до 2020 ја завршувам кариерата


Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за МИА најавува дека може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година. – Се надевам дека ќе одиграм уште една или две сезони. Сепак, се зависи од моето здравје. Планирам кариерата да ја завршам во Џенова, во најстариот италијански клуб и навистина ќе …

Горан Пандев: Најдоцна до 2020 ја завршувам кариерата Read More »

Бектеши: До крајот на годината Македонија ќе ја посетат милион туристи


Последните податоци на Државниот завод за статистика за бројот на зголемување на бројот на туристи покажуваат дека стратегијата за развој на туризмот во Република Македонија дава добри резултати, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи, кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во …

Бектеши: До крајот на годината Македонија ќе ја посетат милион туристи Read More »

Турската лира зајакна за шест отсто


Турската национална валута се стабилизира по неколкудневниот пад на курсот, кога достигна рекорни мининални вредности, по што денеска забележа раст од шест проценти. Денеска еден американски долар според официјалниот курс се менува за 6,55 турски лири. Вчера во еден момент доларот достигна рекордна вредност од 7,24 лири, но турската национална валута потоа зајакна по објавувањето …

Турската лира зајакна за шест отсто Read More »

Хоти: Тачи ги потхранува српските надежи за поделба на Косово


Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти изјави дека идејата на претседателот Хашим Тачи за корекција на границите им оди во прилог на српските претставници кои водат политика на одбојност кон косовските институции и ги потхранува нивните надежи дека Косово може да се подели. Како што јави дописникот на МИА …

Хоти: Тачи ги потхранува српските надежи за поделба на Косово Read More »

Заев: Лазе е наш, но мора да понесе одговорност


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се врати од годишен одмор и присуствуваше на панел-дискусијата што се организираше по повод годишнината од Охридскиот рамковен договор. Тој, сепак, не даде изјава за неговиот предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, откако во јавноста беше обелоденето и МВР потврди дека телохранителот на …

Заев: Лазе е наш, но мора да понесе одговорност Read More »

Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов Изи


Краткометражниот филм „Љубовникот“, снимен во манирот на старите неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, а во продукција на „Скопје филм студио“, е во завршна фаза на пост-продукција. Од продукциската куќа соопштија дека филмот пред неполни два месеца беше снимен на локација во Скопје во населбата Карпош 2, каде што со …

Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов Изи Read More »

Тракторист возејќи починал


Седумдест и четиригодишен скопјанец, вчера во село Ќоселери управувајќи трактор починал и излетал во река. Како што соопшти МВР, С.П. во периодот од 10:30 до 11 часот на некатегоризиран пат во село Ќоселери, општина Лозово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ починал на тракторот, изгубил контрола и излетал во река. Смртта била констатирана од лекар од Јавната …

Тракторист возејќи починал Read More »

(ВИДЕО) Неколкумина пешаци повредени во инцидент пред британскиот Парламент


Еден маж утрово е уапсен во Лондон откако со автомобил удри во заштитната ограда поставена пред британскиот Парламент. Во инцидентот повредени се неколку пешаци. – Во 07:37 автомобил удри во оградата пред зградата на Парламентот. Возачот е приведен од полицијата на лице место. Неколку пешаци се повредени. Полицијата и понатаму е на терен, соопшти Скотланд …

(ВИДЕО) Неколкумина пешаци повредени во инцидент пред британскиот Парламент Read More »