Базар на рачни изработки во недела во хотел Континентал


Поп-ап базар на ракотворби ќе се одржува на 19 август во хотел Континентал во соработка со Институт „Креативна Македонија“. Настанот ќе започне во 17 часот.

– Ова е одлична прилика да се дружите, забавувате, да дознаете нешто ново и да си заминете со нешто уникатно.Покрај занаетчиите и ракотворците, чуварите и одржувачи на духот на рачната изработка, ви подготвивме одлична програма, слатки изненадувања за најмалите, подароци за учениците и голем број на награди – велат организаторите.