Две лица од Кичево ги терале сопствените деца да се проституираат


Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „запуштање и малтретирање на дете“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Џ.М.34 годишен и С.М.30 годишен двајцата од Кичево. Во текот на минатата и оваа година, пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, психички …

Две лица од Кичево ги терале сопствените деца да се проституираат Read More »

Еуростат: Во Македонија околу 46.000 легла за сместување туристи


Македонија располага со околу 46.000 легла за сместување туристи од кои 20.500 хотелски, покажува најновата анализа на Еуростат. Листата ја предводи Франција со 5,1 милион легла што е 16,4 отсто од вкупниот број во ЕУ, а потоа се Италија со 4,9 милиони или 15,8 отсто од ЕУ, Велика Британија со 3,9 милиони и Шпанија со …

Еуростат: Во Македонија околу 46.000 легла за сместување туристи Read More »

Тачи ги осуди заканите врз специјалниот обвинител, кој поднесе оставка


Косовскиот претседател Хашим Тачи ги осуди заканите врз обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово, Елез Бљакај, кои, според медиумите, беа причина за неговата оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. – Владеењето на правото е темелот на една држава и на демократското општество и една од најзначајните карики во јакнењето на европската перспектива …

Тачи ги осуди заканите врз специјалниот обвинител, кој поднесе оставка Read More »

На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути


На граничниот премин Богородица од македонска страна за излез се чека од 40 до 60 минути, додека на Табановце од половина час до 45 минути. Од АМСМ информираат дека возилата на ГП Богородица се пропуштаат во неколку колони. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од …

На Богородица се чека до еден час, на Табановце до 45 минути Read More »

Опожарена куќа во Кисела Вода, нема повредени


Пожар во куќа на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ. Во пожарот, како што јавува МИА, нема повредени лица, а биле опожарени 200 метри квадратни. Во гаснењето што траело до 04:15 часот учествувале 12 пожарникари со шест противпожарни возила.

УЈП ќе добива податоци за 100.000 трансакции месечно


Управата за јавни приходи тврди дека е подготвена за реформата во делот на утврдувањето и плаќањето на персоналниот данок на доход. Со измена на Законот за банки, за што е во тек  јавна расправа, како и на Законот за Управа за јавни приходи, ќе се овозможи автоматизирање на размената на податоци помеѓу даночната администрација и …

УЈП ќе добива податоци за 100.000 трансакции месечно Read More »

Продолжува судењето за „Титаник“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска и утре продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, а последната недела од август и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“. Минатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината …

Продолжува судењето за „Титаник“ Read More »

Почнува „МакеДокс“, 70 филмови до 23 август


Деветтиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ вечер во Куршумли ан ќе почне со краткиот копродукциски филм „Вај-фај плаза Куба“ на режисерот Адријан Келтенбор, и долгометражниот документарец за мачките во Истанбул – „Кеди“ на Сејда Торун. По проекциите ќе следува концерт на групата „Џими Барка Експириенс“. Според организаторите, фестивалот ќе биде пресек на најновото и …

Почнува „МакеДокс“, 70 филмови до 23 август Read More »

Се кршат копјата околу кампањата за референдумот


Кампањата за референдумот, која ќе се финансира од буџетот, е вовед во озаконување на финансирањето на политичката пропаганда со јавни пари. Ова е реакцијата на претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, по одлуката на Владата, кампањата за референдумот да се води со пари на граѓаните. Медиумските експерти толкуваат дека со овој потег …

Се кршат копјата околу кампањата за референдумот Read More »

Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Унгарија ги почна квалификациите за Европското првенство. Иако, Македонија водеше 0:2 во сетови на гостувањето во Будимпешта, сепак, до победа македонските одбојкари стигнаа по неизвесен финиш на натпреварот во пет сета. Во третиот и во четвртиот сет по почетната предност на македонската репрезентација следуваше пад во играта и двата …

Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП Read More »

(ВИДЕО) Поплавени улици во Белград, сообраќајот во колапс


Дождот предизвика хаос на улиците во Белград, Србија. Невремето го поплави градот, а сообраќајот е речиси во колапс. Како што пренесуваат тамошните медиуми по улиците течат реки со вода, а возилата буквално пливаат.

(ВИДЕО)Блогерка од САД: Балканците мамат на мрежите за запознавање


Американската блогерка Нуанда која живее една година во Белград, постојано го проучува Балканот од различни аспекти. Во нејзиното последно видео посветено на апликација за запознавање на партнери „Тиндер“ остро ги критикува Балканците. – Ставате по една фотографија на мрежа која е наменета за запознавање. И на таа една фотографија воопшто не личите на она што …

(ВИДЕО)Блогерка од САД: Балканците мамат на мрежите за запознавање Read More »

Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Ју-Ес опен


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во првото квалификациско коло за Ју-Ес опен. Ѓорческа согласно моменталното рангирање не би можела да игра во квалификациите, но сепак организаторите и дозволија да учествува поради фактот дека минатата година беше на 170-то место на ВТА листата за време на турнирот. Македонска тенисерка паузираше неколку месеци заради повреда …

Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Ју-Ес опен Read More »

Генерација 2000-та


Александар Николоски Добро се сеќавам со каква возбуда ја чекавме 2000-та година. Нов милениум. Многу очекувања и надежи. Погледи кон иднината, но и горе кон небото, кон вселената очекувајќи во милениумот што започнува човекот да го освои и тој простор, со својот ум, знаење, иновација, да ја шири добрата идеја. Тогаш бев во средно на …

Генерација 2000-та Read More »

МФ, УЈП и МБА го прецизираат текстот во новиот Закон за банки


Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската банкарска асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Како што соопшти Министерството за финансии, договорено е прецизирање на текстот што ќе се имплементира во новиот текст на Законот. – Управата и со постоечкиот закон добива податоци за …

МФ, УЈП и МБА го прецизираат текстот во новиот Закон за банки Read More »

Тачи: Или европско решение со Србија или нема договор


Конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе биде европски договор. Тоа ќе биде прифатено од Брисел и од Вашингтон. И тоа ќе биде финализирано со новата резолуција на ОН во Советот за безбедност, која ќе ја отвори перспективата за ЕУ за Косово и Србија. Или, ќе се најде едно европско решение, со поддршка од ЕУ …

Тачи: Или европско решение со Србија или нема договор Read More »

Обезбедени средства за исплата на надоместок за приватните специјализанти


Министерството за здравство соопшти дека со помош на Владата обезбедило буџетски средствата за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари оваа година. – Сите приватни специјализанти (92-ца кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на РМ донесен при …

Обезбедени средства за исплата на надоместок за приватните специјализанти Read More »

Продолжува падот на наталитетот во Албанија


Статистичките показатели потврдуваат дека во Албанија,во второто тромесечие од годинава забележан е пад на бројот на новороденчиња за дури 25,3 отсто споредено со истото тромесечие лани. Во истовреме бројот на бебиња за 18 отсто е помал и споредено со првото тромесечие од годинава. Албанскиот Институтот за статистика – ИНСТАТ соопшти дека во второто тромесечие регистрирани …

Продолжува падот на наталитетот во Албанија Read More »

Мирел: Македонија требаше да биде одвоена од Албанија за преговорите со ЕУ


Поранешниот генерален директор за проширување на Европската Комисија, Пјер Мирел, во интервју за МИА објаснува дека Македонија требаше да биде одвоена од Албанија за доделувањето датум за старт на преговори и вели дека жали поради одлуката на Франција да го одложи овој процес, јави дописничката на МИА од Брисел. – Албанија, за која всушност не …

Мирел: Македонија требаше да биде одвоена од Албанија за преговорите со ЕУ Read More »

Обвинител во косовското Специјално обвинителство поднесе оставка


Обвинителот во косовското Специјално обвинителство, Елез Блакај поднел оставка пред два дена, објавија денеска приштински медиуми. Главниот обвинител на Специјалното обвинителство ја потврди информацијата, но нагласи дека не знае причина за неговата оставка. Косовскиот весник Коха диторе објави дека Блакај поднел оставка поради закани што ги добивал за време на работата. – Блакај постојано се …

Обвинител во косовското Специјално обвинителство поднесе оставка Read More »