Мартин Протуѓер се разболел, „Титаник“ се одложи


Мартин Протуѓер, поранешниот шеф на кабинет, на екс-премиерот Никола Груевски се разболел, па судењето за случајот „Титаник“ се одложи. Неговиот адвокат достави медицинска документација во која се гледа дека вчера во два часот бил примен на ургентен центар. Судијата и обвинителката не покажаа сомнеж во документацијата. Луѓе сме може да се разболиме, рече судијата Осман …

Мартин Протуѓер се разболел, „Титаник“ се одложи Read More »

Штипјанец напредувал со фалсификувана диплома


Штипјанец со иницијали Г.Д. (51) е осомничен дека со фалсификувана диплома напредувал на работното место, поради што полицијата му поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека пријавениот во 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во …

Штипјанец напредувал со фалсификувана диплома Read More »

Австриски новинар уапсен во Турција


Припадници на турските антитерористички служби го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее и работи во Турција. Според организацијата Репортери без граници, Цирнгаст бил уапсен поради неговите левичарски политички ставови кои ги изнесувал во Турција. Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека еден државјанин на Австрија вчера бил уапсен во Турција, но засега …

Австриски новинар уапсен во Турција Read More »

МАНУ го дава државното, а ќе го брани своето име


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) поведе јавна научна расправа за договорот за името и за неговата очекувана потврда на претстојниот референдум. Иако добар дел од академиците, вклучувајќи ги сегашниот и поранешниот претседател на Академијата, Таки Фити и Владо Камбовски, го поздравуваат договорот од Преспа како гаранција за евроатлантското интегрирање, на вчерашната трибина се …

МАНУ го дава државното, а ќе го брани своето име Read More »

Нов земјотрес во реонот на Анталија


Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на местото Кумлуџа во реонот на турскиот медитерански град Анталија. Турската Дирекција за справување со кризи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот се случил во 9.21 часот по локално време (7.21 часот по средноевропско време) на длабочина од околу 40 километри …

Нов земјотрес во реонот на Анталија Read More »

Се зголеми бројот на жртви од катастрофалните пожари во Атика


Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во …

Се зголеми бројот на жртви од катастрофалните пожари во Атика Read More »

(ВИДЕО) Заев: Овој историски момент е поголем од сите нас


На 30 септември, на референдумот, ние одлучуваме. Овој историски момент е поголем од нас, од нашите партии, кавги или лични интереси. За иднината на нашите деца се работи. Да излеземе сите на референдумот, за европска Македонија, наведува меѓу другото премиерот Зоран Заев во видео обраќањето до граѓаните во пресрет на референдумското изјаснување на 30 септември. …

(ВИДЕО) Заев: Овој историски момент е поголем од сите нас Read More »

Министерот Адеми го прегледуваше новиот филм на Милчо Манчевски


Режисерот Милчо Манчевски го информираше министерот за култура Асаф Адеми за почетокот на снимањето на својот нов филм „Врба“. Манчевски, на министерот Адеми му презентираше дел од снимениот материјал од првите сцени кои беа снимени во прилепско Мариово во средината на август, како претснимање бидејќи беа потребни летни услови. Главното снимање на „Врба“ претстои во …

Министерот Адеми го прегледуваше новиот филм на Милчо Манчевски Read More »

Детален хороскоп: Близнаците да бидат објективни, а на Лавот му треба помош


ОВЕН: Сè уште постои голема работа да се сработи, а со тоа што ги гледате скриените аспекти ќе знаете како да дејствувате исправно. Пред вас се вистинските партнерства и врски кои можат да ви помогнат да напредувате. Интимните врски се со заемен жар. Хармонија. БИК: Околу логорскиот оган не постојат друштвени хиерархии – сите се …

Детален хороскоп: Близнаците да бидат објективни, а на Лавот му треба помош Read More »

Ахмети: Надвор од НАТО, Македонија тешко ќе опстои


Сакаме ли мир, сакаме ли добрососедски односи? Дали сакаме стабилност? Референдумот на 30 септември е печат кој му дава вредност на мирот, стабилноста и ќе се затвори едно поглавје која трае веќе 25 години. Ова е референдум за НАТО, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија Клан. Тој вели дека …

Ахмети: Надвор од НАТО, Македонија тешко ќе опстои Read More »

Шпанската министерка за здравство поднесе оставка поради сомнежи за нејзината магистратура


Шпанската министерка за здравство Кармен Монтон синоќа поднесе оставка поради оспорувањето на нејзината магистратура. Шпанските медиуми објавија дека Монтон (42) добивала преодни оценки на Универзитетот во Мадрид иако не посетувала предавања, а се отворија сомнежи и дека го препишала трудот. Монтон ги негираше обвинувањата, но сепак поднесе оставка за да не создава проблеми за Владата …

Шпанската министерка за здравство поднесе оставка поради сомнежи за нејзината магистратура Read More »

Каменос: Без разлика на исходот од референдумот, последниот збор ќе го има грчкиот народ


Каков и да е исходот од референдумот, последниот збор за Договорот од Преспа ќе го има грчкиот народ или на референдум или на избори, рече коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос, уште еднаш повторувајќи ги неговите позиции, но и откривајќи ги следните негови чекори откако Македонија би ги завршила предвидените обврски. – Мојот прв …

Каменос: Без разлика на исходот од референдумот, последниот збор ќе го има грчкиот народ Read More »

Масовни протести за независност на Каталонија


Неколку стотици илјади луѓе протестираа синоќа во Барселона и други градови во шпанската област Каталонија, повикувајќи на независност и на ослободување од затвор на лидерите на каталонското сепаратистичко движење. – Да создадеме Каталонска Република, извикуваа демонстрантите, кои при тоа соборија слика од шпанскиот крал Фелипе Шести. Организаторите проценуваат дека на протестите излегле 470.000 луѓе. Собирот …

Масовни протести за независност на Каталонија Read More »

Холандскиот министер Блок во Македонија, во фокусот референдумот и реформите


Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок. Тој ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. На средбата со министерот Димитров се очекува да стане збор за актуелните политички состојби во Македонија, подготвителните активности за …

Холандскиот министер Блок во Македонија, во фокусот референдумот и реформите Read More »

Средба на следната „ЕУ тројка“ во Загреб


Претставниците на трите земји следни претседавачи на ЕУ – Романија, Финска и Хрватска, кои ќе претседаваат со Советот на Унијата во периодот од 1 јануари 2019 до 30 јуни 2020 година, синоќа одржаа средба во Загреб на која разговараа за заедничките приоритети во нивните претседавања со блокот. Како што соопшти Министерството за надворешни и европски …

Средба на следната „ЕУ тројка“ во Загреб Read More »

Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ и раздвоените постапки за „Тенк“ и „Насилство во општина Центар“. На минатото рочиште за „Титаник“ во кое се обвинети повеќе поранешни функционери за изборите во 2013 година беа преслушани 122 „бомби“. За овој предмет досега во судот преслушани се …

Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“ Read More »

Сончево и ветровито


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер поизразен на северот. Утринската температура ќе се движи од осум до 19 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до краткотрајно засилен северен …

Сончево и ветровито Read More »

Матис доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот


Сакам јасно да ставам до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“, рече првиот човек на Пентагон, Џим Матис, пред да замине за Македонија овој викенд, јавува Гласот на Америка. На прашање од Гласот за Америка дали е загрижен за мешањето на Русија во референдумот во Македонија, секретарот за одбрана на САД Џим Матис рече: – …

Матис доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот Read More »

VMRO-DPMNE: Qytetarët të vendosin sipas bindjeve të tyre në referendum


Pas një debati maraton VMRO-DPMNE morri vendim që secili qytetarë të vendos vetë se a do të votojë dhe se si do të votojë në referendumin për emrin më 30 shtator. Megjithëse partia do të zhvillojë fushatë aktive ajo nuk do t’i udhëzoj qytetarët që të bojkotojnë referendumin, të votojnë PRO apo Kundër marrëveshjes së …

VMRO-DPMNE: Qytetarët të vendosin sipas bindjeve të tyre në referendum Read More »

Прогласена вонредна состојба во Вашингтон поради ураганот Флоренс


Градските власти во Вашингтон денеска прогласија вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот Флоренс. Градоначалничката на американската престолнина Мјуриел Баузер изјави дека потпишала наредба за прогласување вонредна состојба во врска со ураганот, кој беснее во Атлантскиот Океан. Вчера Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон. Окото на ураганот е на околу 1.985 километри …

Прогласена вонредна состојба во Вашингтон поради ураганот Флоренс Read More »