Холандскиот министер Блок во Македонија, во фокусот референдумот и реформите


Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок.

Тој ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

На средбата со министерот Димитров се очекува да стане збор за актуелните политички состојби во Македонија, подготвителните активности за референдумот, како и за реформската ЕУ и НАТО агенда.

По средбата планирани се изјави на двајцата министри.

– Ова е четврта билатерална средба на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија за период од 15 месеци што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји, наведуваат од македонското МНР.