Мартин Протуѓер се разболел, „Титаник“ се одложи


Мартин Протуѓер, поранешниот шеф на кабинет, на екс-премиерот Никола Груевски се разболел, па судењето за случајот „Титаник“ се одложи. Неговиот адвокат достави медицинска документација во која се гледа дека вчера во два часот бил примен на ургентен центар.

Судијата и обвинителката не покажаа сомнеж во документацијата. Луѓе сме може да се разболиме, рече судијата Осман шабани. На денешното рочиште требаше да се слушаат бомби за изборните нерегуларности за што е обвинето поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

(Ф.Ф.С.)