Пронајден починат прилепчанец во река кај „Подводенци“


На место викано „Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река вчера околу 16 часот бил пронајден починат О.Н. (67) од Прилеп. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. МВР денеска соопшти дека увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската …

Пронајден починат прилепчанец во река кај „Подводенци“ Read More »

Македонија влегува во реформската ЕУ-машина


Европската унија ја почнува подготвителната скрининг-фаза за пристапните преговори со Македонија.В четврток, на само три дена пред референдумот за договорот со Грција (решението на деценискиот спор е еден од условите Македонија да стане членка на ЕУ), досега најголема делегација од над 40 претставници, предводена од главниот политички преговарач Бујар Османи заминува за Брисел. Со презентирање …

Македонија влегува во реформската ЕУ-машина Read More »

Мотоциклист загина, а пешак е повреден во сообраќајка


Мотоциклист загина, а пешак е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во Охрид. Како што соопшти МВР, вчера во 18,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ мотоцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, …

Мотоциклист загина, а пешак е повреден во сообраќајка Read More »

Заев од Струмица: Ова е време на историски одлуки


Ова време пред кое сме исправени е време на историски момент и ни треба одлучност, не ни треба калкулантство, треба да се има изграден став, затоа што во ова време се носат историски одлуки и оваа шанса не смееме да дозволиме да ја пропуштиме, порача вечерва премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев од граѓанскиот …

Заев од Струмица: Ова е време на историски одлуки Read More »

Мицкоски: Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам


Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето пред учесниците на протестниот марш …

Мицкоски: Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам Read More »

Металург против Бешикташ имаше сили само едно полувреме


Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва во Скопје е поразен од Бешикташ со 30:22, полувреме 14:13. Гостите од Истанбул до триумфот дојдоа со доминантна игра во второто полувреме во кое тимот од Автокоманда ја загуби свежината и немаше сили за посилен отпор како во првите 30 минути кога негативата изнесуваше само еден гол. За турскиот претставник …

Металург против Бешикташ имаше сили само едно полувреме Read More »

Академија Пандев се врати на врвот во ПМФЛ


Екипата на Академија Пандев се врати на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево во Битола ја совлада Победа од Прилеп со 4:2. Значаен триумф (2:1) со гол постигнат во последните секунди на мечот во Кратово против домаќинот Силекс забележа и бранителот на трофејот Шкендија. Гостински бодови освои и Беласица против …

Академија Пандев се врати на врвот во ПМФЛ Read More »

Пахор: Верувам ќе донесете одлука со која на Македонија широко ќе ја отворите вратата кон иднината


Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот. – Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината …

Пахор: Верувам ќе донесете одлука со која на Македонија широко ќе ја отворите вратата кон иднината Read More »

Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ


На 27 септември започнува подготвителниот период за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Вицепремиерот и шеф на делегацијата на Македонија за преговори со ЕУ Бујар Османи на прес-конференција денеска објави дека ќе ја предводи македонската делегација во Брисел која на 27 септември ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. …

Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ Read More »

Референдумска кампања, со предизборен шмек


Трикратно зголемување на социјална помош од наредната година, зголемување на парична помош за деца со специјални потреби, зголемување на опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток, отворање конкурс за сите земјоделци до 40 години кои ќе може да аплицираат за неповратни средства во вредност од 10.000 евра, решавање на аерозагадувањето, гасификација… Ова …

Референдумска кампања, со предизборен шмек Read More »

Биоенергичар наместо да лекува, сексуално злоставил малолетничка


Биоенергичар од Битола со иницјали М.Н., според пријава во полицијата, вчера извршил полови дејствија врз 16 годишна девојка од Скопје, која отишла кај него со нејзината тетка. – Во СВР Битола е пријавено дека вчера околу 11. 00 часот 16-годишна девојка од Скопје со нејзината тетка од Битола, отишла кај М.Н– биоенергичар од Битола, при …

Биоенергичар наместо да лекува, сексуално злоставил малолетничка Read More »

Над 50 возачи низ Скопје синоќа фатени пијани


Присуство на алкохол во крвта е утврдено кај 55 од вкупно 133 алкотестирани возачи, а еден возач одбил да биде тестиран, во полициската акција спроведена ноќеска од 23 часот до пет часот изутрина. Преземени се и 55 мерки за прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, исклучени …

Над 50 возачи низ Скопје синоќа фатени пијани Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Под притисок на Атина Заев си ги цензурира изјавите за МИА


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека спогодбата со Грција значи забрана да се употребува името Македонија како и цензура секогаш кога ќе се спомене Македонија. -Уште не стапила на сила, а веќе ги гледаме ефектите. Првиот скандал е пред нас. Зоран Заев кој е Премиер на Република Македонија по забелешки од нашиот јужен сосед …

ВМРО-ДПМНЕ: Под притисок на Атина Заев си ги цензурира изјавите за МИА Read More »

Вонредни избори не се опција по референдумот


Вонредни парламентарни избори не се опција по завршување на референдумот, велат владини извори. Соговорници на „Независен весник“ ја отфрлаат засега можноста за избори, која во политички кругови се спомнува како едно од сценаријата за обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени. Тие сценарија, пак, почнаа да се вртат како резултат на „ФБ-кампањата“ во која се вклучија …

Вонредни избори не се опција по референдумот Read More »

Во Македонија сто илјади деца живеат во сиромаштија


Детската сиромаштија зема замав, истражувањата покажуваат дека таа влијае врз сите аспекти од животот и има долгорочни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата. Од негативните ефекти не се засегнати само идните генeрации, туку и општеството и економијата на земјата. Сто илјади деца, односно секое четврто во Македонија живее во сиромаштија. Податоците на …

Во Македонија сто илјади деца живеат во сиромаштија Read More »

Службеник на Светска банка, бегајќи од кучиња скитници во центарот на Скопје, скршил нога


Службеник  на Светска банка бил нападнат  од кучиња-скитници додека трчал на кејот на Вардар  во центарот на Скопје. При бегањето од кучињата си ја скршил ногата, објавува порталот „Сакам да кажам“ со дополнение дека настанот бил потврден и од канцеларијата на Светска банка во земјава. Како што пишува порталот, службеник на Светска банка, кој бил во посета …

Службеник на Светска банка, бегајќи од кучиња скитници во центарот на Скопје, скршил нога Read More »

Интервју со Димитриoс Пападимоулис: Му предложив на Мицкоски да постигне подобар договор


Димитриoс Пападимоулис е потпретседател на Европскиот парламент од редовите на СИРИЗА. Како член на Мешовитиот комитет на Македонија и ЕУ деновиве тој престојува во Македонија. Уверен е дека договорот од Преспа ќе помине во Грција и дека е типичен пример за силно и храбро лидерство на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Ја следите ли состојбата …

Интервју со Димитриoс Пападимоулис: Му предложив на Мицкоски да постигне подобар договор Read More »

Средба на Џафери со потпретседателот на Европскиот парламент Касталдо


 Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со потпретседателот на Европскиот парламент, Фабио Масимо Касталдо, кој учествуваше на Конференцијата на млади лидери, организирана од Собранието на Република Македонија и ЕП за политичкото учество на младите и младинските политики со пратеници од Западен Балкан. Џафери, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до …

Средба на Џафери со потпретседателот на Европскиот парламент Касталдо Read More »

ЕУ покрена процес против Полска пред Европскиот суд на правдата


Европската комисија денеска реши да покрене постапка против Полска пред Европскиот суд на правдата, поради начинот на кој полскиот Парламент пристапи кон судските реформи. Европските власти, предводени од полскиот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, ја обвинуваат актуелната полска Влада дека именувала политички поддржувачи во Врховниот суд, и разрешила судии предложени од претходната влада, која …

ЕУ покрена процес против Полска пред Европскиот суд на правдата Read More »

Приказната за добрите правници


Ерол Ризаов Има една приказна за маките на добрите правници која одамна ја имам чуено, ама не сум ја проверил дали е само анегдота или пак голема вистина. Како и да е, многу е поучна, особено деновиве во Македонија кога на сериозен испит е парламентарната демократија, владеење на правото, толкување на уставот и референдумското изјаснување …

Приказната за добрите правници Read More »