Биоенергичар наместо да лекува, сексуално злоставил малолетничка


Биоенергичар од Битола со иницјали М.Н., според пријава во полицијата, вчера извршил полови дејствија врз 16 годишна девојка од Скопје, која отишла кај него со нејзината тетка.

– Во СВР Битола е пријавено дека вчера околу 11. 00 часот 16-годишна девојка од Скопје со нејзината тетка од Битола, отишла кај М.Н– биоенергичар од Битола, при што истиот врз неа извршил полови дејствија допирајќи ја во пределот на градите, телото и интимните делови, наведува денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.