Ќе има ли работни саботи за учениците, за продолжениот зимски распуст?


Заменик-министерот за образование Петар Атанасов вели дека по препораките на Министерството за животна средина донесена е мерка децата да се ослободат од настава, односно да се продолжи распустот за два дена, а вработените во образовните установи ќе одат на работа. „Второто полугодие ќе продолжи во среда на 23 јануари. Доколку има и натаму висока загаденост, …

Ќе има ли работни саботи за учениците, за продолжениот зимски распуст? Read More »

Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари


Судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија се одложува за 31 јануари бидејќи Апелација се уште нема одговорено на сите жалби по барањата за амнестија. Судијката Добрила Кацарска, на почетокот на денешното рочиште извести дека се уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија …

Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари Read More »

Анкета: Паѓа довербата во Путин


Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин „престана да биде неранлив“ што е последица од влошувањето на условите за живот во Русија, пишува рускиот весник „Ведомости“. Првото социолошко истражување годинава, спроведено од страна на социолошкиот центар ВЦИОМ, покажува дека рејтингот на Путин продолжува да паѓа, односно денес доверба во рускиот претседател имаат 33,4 отсто од граѓаните, …

Анкета: Паѓа довербата во Путин Read More »

Андре Риу за првпат во живо во Македонија


Светската ѕвезда Андре Риу, насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ на 6 јуни ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде негово прво гостување во Скопје и ќе настапи со негово бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година. Концертот го организира Пасворд продакшн. Билетите за …

Андре Риу за првпат во живо во Македонија Read More »

Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор


Специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, ја повика Грција да го ратификува Договорот од Преспа, откако македонската страна ги исполни своите обврски. Нимиц во пишаната изјава, што ја објави прес-службата на ОН, наведува дека владата во Скопје на 16 јануари формално ја известила владата во …

Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор Read More »

Земан: ЕК е бирократски орган, а се однесува како влада


По изборите за Европскиот парламент во мај Европската комисија треба да престане да се однесува како европска влада, и излегувањето на Велика Британија од заедницата треба да биде направено максимално прифатливо за двете страни, нагласува чешкиот претседател Милош Земан во интервју за прашки „Блеск“. – Европската комисија е бирократски орган, но се однесува како европска …

Земан: ЕК е бирократски орган, а се однесува како влада Read More »

Теохаропулис избришан од Движење на Промена поради позитивниот став за Договорот од Преспа


Претседателот на Демократска левица, Танасис Теохаропулос, е избришан од пратеничката група на Движење на промена во кое коалицира заедно со ПАСОК поради неговиот став да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. -Ставот на господинот Теохаропулос да гласа за Договорот од Преспа, објективно му служи на господинот Ципрас и …

Теохаропулис избришан од Движење на Промена поради позитивниот став за Договорот од Преспа Read More »

Шекеринска: Македонија покажа дека го заслужува своето место во Алијансата


Неколку недели ја делат Македонија од седнувањето на столчето во НАТО заедно со останатите земји членки откако земјата го заврши својот дел од обврските поврзани со Договорот од Преспа, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата во Скопје со шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел. Како одличен тајминг …

Шекеринска: Македонија покажа дека го заслужува своето место во Алијансата Read More »

Брегзит: На маса ревизија на ирскиот мировен договор за да се надмине ќорсокакот


Европските медиуми ја пренесуваат информацијата на “Дејли Телеграф“ утрово дека британската премиерка, Тереза Меј, ја разгледува можноста за измени на спогодбата на помирување помеѓу Ирска и Северна Ирска, јавува дописничката на МИА во Брисел. “Дејли Телеграф“ тврди дека Меј се подготвува да предложи амандман на Договорот од Светиот Петок од 1998 година со кој се стави …

Брегзит: На маса ревизија на ирскиот мировен договор за да се надмине ќорсокакот Read More »

Теренска вакцинација во училиштата засега ќе нема


Уште три деца со клиничка слика на морбили во Скопје. Прегледани биле амбулантски во саботата вечерта и пуштени на домашно лекување. Од Министерството за здравство велат дека нема нови хоспитализирани лица на заболени со морбили на Клиниката за инфективни болести. Од почетокот на епидемијата до вчера со МРП вакцината биле вакцинирани 3.202 деца, а до …

Теренска вакцинација во училиштата засега ќе нема Read More »

Бесмислен напад врз новинари на Водици


Новинарката на телевизијата Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, која настрада за време на инцидентот на Водици во саботата во Скопје, случката ја пријавила во полиција. Мирчевска-Јовановиќ се здоби со повреди на вратот и раката, а била и туркана, влечена и навредувана од страна на вработени на агенцијата за обезбедување НИКОБ, кои биле ангажирани од Македонската православна …

Бесмислен напад врз новинари на Водици Read More »

Димитров: И најжестоките противници на Договорот еден ден ќе го оправдаат овој чекор


И најжестоките противници на ова историски помирување во догледно време, како што ќе се гледаат резултатите од ова историско приближување ќе го оправдаат овој чекор, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Сител во врска со Договорот од Преспа. Тој истакна дека внимателно ја следел состојбата во Атина, каде денеска се одржуваа …

Димитров: И најжестоките противници на Договорот еден ден ќе го оправдаат овој чекор Read More »

СП ракомет: Кикс на Хрватска што може да ја чини полуфинале


Репрезентацијата на Бразил направи големо изненадување на ракометниот Мундијал совладувајќи ја фаворизираната Хрватска вечерва во последниот натпревар од третата рунда во Групата – Е. За „коцкестите“ овој пораз значи чекор назад во обидот да освојат едно од првите две места на табелата што автоматски значи учество по полуфиналето и борбата за медали. Бразилците победија со …

СП ракомет: Кикс на Хрватска што може да ја чини полуфинале Read More »

Мицотакис: Денеска говореше грчкиот народ


Денеска говореше грчкиот народ и неговиот глас мораме сите да го слушнеме, а прв господинот Ципрас и поддржувачите на Договорот од Преспа, договор кој се подготвуваат да го гласаат без да имаат таков мандат од нивните гласачи, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата по денешниот протест во центарот на Атина против Договорот …

Мицотакис: Денеска говореше грчкиот народ Read More »

Заврши протестот во Атина – најмалку 40 повредени и седуммина уапсени


Во инцидентите во делот околу грчкиот Парламент за време на протестот против Договорот од Преспа, повредени се најмалку 40 лица од кои 25 полицајци, еден фоторепортер и еден снимател, а приведени се 12 лица, од кои седуммина се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. По судирите меѓу маскираните лица и полицијата, што траеја околу …

Заврши протестот во Атина – најмалку 40 повредени и седуммина уапсени Read More »

Ќе има ли работни саботи за учениците, за продолжениот зимски распуст?


Владата попладне донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови. „Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, …

Ќе има ли работни саботи за учениците, за продолжениот зимски распуст? Read More »

Ципрас: Ратификацијата на Договорот од Преспа е патриотска должност


Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е историски договор и за Атина и за Скопје и порачува дека ратификацијата на договорот претставува патриотска должност. Тој во денеска објавеното интервју за грчкиот весник „Авги“ го обвини лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис поради залажување на јавноста и опасно поигрување со …

Ципрас: Ратификацијата на Договорот од Преспа е патриотска должност Read More »

Николовски: Македонија е посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи


Олеснување на трговската размена со земјоделски производи е темата на која денеска во Берлин разговараа министрите кои учествуваа на состанокот што го организираше Федералното министерство за земјоделство и храна и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG. На состанокот учествуваше и македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој истакна дека Македонија е посветена …

Николовски: Македонија е посветена на олеснување на меѓународната трговија со земјоделски производи Read More »

Кабинетот на Ципрас: Екстремни десничари и членови на Златна зора се обидоа да влезат во Парламентот


За жал уште еднаш тонот на протестот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора кои во нивниот обид да влезат во Парламентот, маскирани и со дрва, камења и палки ги нападнаа полицајците и десетици повредени завршија во болница, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, за инцидентите на денешниот протест пред грчкиот …

Кабинетот на Ципрас: Екстремни десничари и членови на Златна зора се обидоа да влезат во Парламентот Read More »

Жестоки судири на протестите во Атина– повредени најмалку 15 лица


Демонстрантите фрлаа камења, ракети, огнени бомби, бои и други предмети врз полициските специјалци, кои одговорија со солзавец. Некои демонстранти скокнаа над оградата, но офицерите ги тргнаа назад. Еден човек, облечен во грчко знаме, нападна полицајци со голем стап, додека други замавнува големи знамиња на дрвени стапови и ги напаѓа полицајците. Полицијата соопшти дека девет полицајци …

Жестоки судири на протестите во Атина– повредени најмалку 15 лица Read More »