Теохаропулис избришан од Движење на Промена поради позитивниот став за Договорот од Преспа


Претседателот на Демократска левица, Танасис Теохаропулос, е избришан од пратеничката група на Движење на промена во кое коалицира заедно со ПАСОК поради неговиот став да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ставот на господинот Теохаропулос да гласа за Договорот од Преспа, објективно му служи на господинот Ципрас и неговите планови и овој став не може да биде прифатен, соопштуваат од Движење на промена за одлуката на лидерката Фофи Генимата да го избрише Теохаропулос.

Од Демократска левица коментираат дека нивната позиција им служи само на националните интереси.

Одлуката за поддршка на Договорот од Преспа, Демократска левица ја донесе на вчерашниот состанок на Централниот комитет на партијата.

Говорејќи за радиото „Тема 104.6“, претседателот на партијата, Танасис Теохаропулос ги потврди натписите во грчките медиуми дека му било предложено носител на пратеничката листа на Движење на промена на ниво на цела Грција на следните избори, доколку не гласа за Договорот од Преспа.