Вангеловски прима плата иако е суспендиран


Жалбата на разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, која ја поднесе до Судскиот совет, сè уште не е стигната до Врховниот суд. Додека Вангеловски ја чека одлуката по неговата жалба, тој и другите судии што ги разреши Судскиот совет редовно си примаат плата. „До правосилност на решението им се исплаќа плата на сите судии …

Вангеловски прима плата иако е суспендиран Read More »

Датумот да не ја поплави Преспа


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Не е тешко да се разберат тоновите на револт во интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за „Пресе“ во Виена, каде што тој беше во билатерална посета во текот на викендот. Оттаму се врати со поддршка од неговиот австриски колега Александер ван дер Белен, кој го испрати со порака дека Северна Македонија заслужува …

Датумот да не ја поплави Преспа Read More »

УНИЦЕФ: Поради лоша исхрана 149 милиони деца заостануваат во развојот


Алармантно голем број деца страдаат од сериозни последици поради лоша или нездрава исхрана, а најмалку едно од три на возраст под пет години е неухрането или со прекумерна тежина, предупреди денеска УНИЦЕФ во својот годишен Извештај за состојбата на децата во светот. Како што се наведува, две од три деца, на возраст меѓу шест месеци …

УНИЦЕФ: Поради лоша исхрана 149 милиони деца заостануваат во развојот Read More »

Европа се движи како полжав кон родовата еднаквост


Од Брисел, Билјана Богдановска Европската Унија се движи како полжав во зголемувањето на родовата еднаквост покажа најновиот Индекс на родова еднаквост изработен за 2017 година. Од претходниот во 2015 година кога индексот бил 66,2 (од 100) поени, во 2017 пораснал на 67, 4 поени, но со оглед на тоа дека се мери од 2005 година, …

Европа се движи како полжав кон родовата еднаквост Read More »

Анкета: САД најпријателска држава, Бугарија за една година станала најголем непријател


Во анкетата што денеска ја објави Центарот за европски стратегии Евротинк, за прашања поврзани со евроинтеграциите, од граѓаните кои сметаат дека државава би можела да има надворешни непријатели, како најнепријателска ја посочуваат Бугарија. Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто …

Анкета: САД најпријателска држава, Бугарија за една година станала најголем непријател Read More »

Скопски џез фестивал ја забавува, но и ја едуцира публиката


Годинашното издание на Скопски џез фестивал програмски ќе биде и одбележување на 50 години од основањето на германската независна издавачка куќа „ЕЦМ Рекордс“. Шест од деветте изведувачи кои ќе настапат се всушност нејзини заштитини ликови. Одбележувањето на овој јубилеј се случува на неколку фестивали низ Европа, но во југоисточна Европа лиценца за тоа доби само …

Скопски џез фестивал ја забавува, но и ја едуцира публиката Read More »

Светиниколскиот Музеј бара конзервација на локалитетот „Билазора“


По десет години истражување на археолошкиот локалитет „Билазора“ кај Свети Николе, сега се бара конзервација на она што е пронајдено на самиот терен. Музејот на Свети Николе има проект, а акцент ќе се стави на акрополот и кралската палата, каде што се пронајдени и фрески кои се четири века пред Христа. Директорот на Музеј на …

Светиниколскиот Музеј бара конзервација на локалитетот „Билазора“ Read More »

Царовска: Ја зголемивме поддршката за најранливите, создаваме подобра перспектива за сите


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска со неколку поранешни министри и актуелни функционери од регионот дебатираше на панел дискусија посветена на политиките против сиромаштијата, во рамки на регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“. -За пет години најмалку ќе знаме колку се трансформативни реформите, …

Царовска: Ја зголемивме поддршката за најранливите, создаваме подобра перспектива за сите Read More »

Пендаровски за Ди Пресе: Дајте ù шанса на Северна Македонија


Македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Ди пресе“ упатува апел до европските лидери дека е потребно да се даде шанса за почнување преговори со ЕУ. Ди Пресе: Франција неодамна имаше негативно се произнесе за проширувањето, дали сè уште се надевате дека ќе добиете сигнал од ЕУ за отворање на претпристапните преговори на …

Пендаровски за Ди Пресе: Дајте ù шанса на Северна Македонија Read More »

Слепите лица во Тетово бараат звучни семафори за полесно движење низ градот


Да се постават звучни семафори и натписи со брајово писмо низ градот беше порачано од скромната активност со која вчера Здружението на слепи лица во Тетово го одбележа 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, симболот на лицата со слепило или оштетен вид. Здружението апелира надлежните да создадат побезбедни услови за движење и пристапност на …

Слепите лица во Тетово бараат звучни семафори за полесно движење низ градот Read More »

Земјотрес од три степени синоќа почувствуван во Струмица


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 21:40 часот е почувствуван во околината на Струмица, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на 127 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесувала 2.5.

Популизам или мобилност. Кабинетот на Заев се пресели на Широк сокак


Владата вчера во „вонредни услови“ одржа редовна седница. Наспроти досегашната практика, владините седници, главно, да се одржуваат во вторник, во работно време и на „Илинденска“ бр. 2 во Скопје, кабинетот на Зоран Заев понеделнички се пресели во општинската зграда во Битола. Оваа владина седница беше закажана во приквечерина, а претходно, во текот на денот, се …

Популизам или мобилност. Кабинетот на Заев се пресели на Широк сокак Read More »

„Вујко Вања“, „Волшебното самарче“, „Алиса“ и „Коста е наш“ отпечатени на Брајово писмо


Локалната библиотека заедно со Здружението на слепи и Општина Велес отпечатија и денеска промовираа четири нови книги на Брајово писмо наменети за слепите лица. Со нив, Брајовата библиотеката „Ратко Пајдаков“ во склоп на велешката библиотека сега има 38 книги. Четирите книги промовирани денеска се испечатени во тираж од осум примероци: „Коста е наш“ од Сашко …

„Вујко Вања“, „Волшебното самарче“, „Алиса“ и „Коста е наш“ отпечатени на Брајово писмо Read More »

Осудениците во штипскиот затвор добија нова библиотека


Нова библиотека со околу 800 нови книги добија осудените лица во штипскиот затвор. Директорот на Затвор – Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека и претходно во оваа казнено поправна институција имало библиотека, но новата е за пет пати поголема во споредба со старата просторија. Осудените лица учествувале во реконструкцијата на просторијата, односно самите ги …

Осудениците во штипскиот затвор добија нова библиотека Read More »

Заев: Очекуваме позитивна одлука за преговори со ЕУ


Знаеме дека многу земји зборуваат позитивно за Република Северна Македонија. Го подобривме нашиот имиџ како држава која гради пријателства со своите соседи. Ние сме следната членка на НАТО, што е многу важно за нашиот регион кој е мултиетнички. НАТО значи поголема стабилност и подобра безбедност, истовремено значи и зголемен број инвестиции и за Северна Македонија …

Заев: Очекуваме позитивна одлука за преговори со ЕУ Read More »

Саем на книга на албанските издавачи во Гостивар


Десетина издавачи од земјава, Албанија и Косово денеска и утре ќе се претстават пред љубителите на пишаниот збор во Гостивар во рамки на патувачкиот саем на книгата. На штандовите ќе бидат изложени најновите и постари изданија на книги од повеќе области. – Ние од 2000 година учествуваме на саеми во земјава и надвор од неа. …

Саем на книга на албанските издавачи во Гостивар Read More »

Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти


Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека објавениот аудио разговор на социјалната мрежа „Фејсбук“ на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими за локалните избори во 2013 година покажува принципиелност и како што истакнува, разликата со нашите политички опоненти. Самата бомба, истакна Заев, навистина го покажува тоа колку сме различни од …

Заев: Се покажува разликата со нашите политички опоненти Read More »

Наградена првата македонска мобилна апликација за намалување на загадениот воздух


Авторите на првата македонска мобилна апликација, „Challenger“ чија цел е намалување на загадениот воздух во Скопје, победија на регионалниот натпревар за зелени бизнис АРНО, во конкуренција на млади од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора. Целта на оваа апликација, како што велат победниците, е да создаде регионално влијание преку наградување на …

Наградена првата македонска мобилна апликација за намалување на загадениот воздух Read More »

По четири дена болничко лекување, Јанева денеска треба да биде вратена во притвор


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба. – Најверојатно ќе биде пуштена денеска …

По четири дена болничко лекување, Јанева денеска треба да биде вратена во притвор Read More »

Русија бара алтернатива за американскиот долар


Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на еврото и рубљата како главни валути во извозот на енергенси. Тој рече дека Русија сака продажбата на нафта и бензин да ги врши во рубљи, бидејќи тоа ќе ја намали зависноста од американскиот долар. – Веќе имаме многу добра валута, таа е …

Русија бара алтернатива за американскиот долар Read More »