Кичевчанка загина во несреќа на патот Тетово – Гостивар


Во судар на две возила на наплатна рампа на автопатот Тетово – Гостивар утрово загина 51-годишна жена од Кичево, информираше Секторот за внатрешни работи – Тетово. Несреќата се случила околу 6.45 часот. -На самата наплатна станица што е во близина на Тетово помеѓу две кабини се случи сообраќајната несреќа со две возила. „Мерцедес“ со охридски …

Кичевчанка загина во несреќа на патот Тетово – Гостивар Read More »

Пендаровски ја почна кампањата со песна на Дуке Бојаџиев


Стево Пендаровски, кандидат за претседател, зад кого застанаа 30 политички субјекти, меѓу кои и СДСМ, на првиот ден од кампањата промовираше песна и спот под наслов „Сите едно пееме“, како дополнување на неговиот слоган „Заедно напред“. Од СДСМ велат дека спотот носи силна визуелна поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и …

Пендаровски ја почна кампањата со песна на Дуке Бојаџиев Read More »

Конкурс за самостојна или групна изложба на млади уметници


Младинскиот културен центар објави конкурс за млади уметници за самостојна или групна изложба која ќе се реализира во втората половина на 2019 година. Целта е да се промовираат млади ликовни автори, а право на учество имаат сите заинтересирани на возраст до 35 години. Кандидатите ќе ги избира комисија формирана од МКЦ и Град Скопје. Конкурсот …

Конкурс за самостојна или групна изложба на млади уметници Read More »

Ципрас доаѓа без вратоврска, без предрасуди и со многу елан


Алексис Ципрас ќе слета денеска на аеродромот во Скопје, со што во досегашната турбулентна хронологија на македонско-грчките односи ќе биде запишан како прв премиер на Грција кој допатувал во официјална посета на земјава. Неговата посета значи остварување на она што се чинеше малку веројатно во првите години од независноста, а што стана невозможно во 2006 …

Ципрас доаѓа без вратоврска, без предрасуди и со многу елан Read More »

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“


Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев  и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд. -Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда …

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“ Read More »

„Сите наши тела“ – нова книга од бугарскиот писател Георги Господинов


Збирката раскази „Сите наши тела“ е нова книга од Георги Господинов (1968), најпреведуваниот бугарски современ писател. Во превод на македонски јазик книгата ја објави издавачката куќа „Или-или“. Преведувачот од бугарски на македонски Душко Крстевски наведува дека расказите може да се наречат микрораскази – кратки и секавични, по примерот на едноминутните новели на Иштван Еркењ и …

„Сите наши тела“ – нова книга од бугарскиот писател Георги Господинов Read More »

Ципрас: Мојата посета во Скопје е од историско значење


Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги …

Ципрас: Мојата посета во Скопје е од историско значење Read More »

Еден мигрант почина, а шест се повредени откако возачот ги исфрлил од возило


Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ утринава во 4:30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска Река, го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. Како што соопшти МВР, по кажување на мигрантите, тие …

Еден мигрант почина, а шест се повредени откако возачот ги исфрлил од возило Read More »

Две лица загинаа на избирачко место во источна Турција


Темел Карамолаолу, водач на помала турска исламска политичка партија „Фелисити”, изјави денеска дека две лица биле убиени во источна Турција на избирачко место. Тој на Твитер напиша дека волонтер и набљудувач биле убиени во еден округ во провинцијата Малатја. Турски медиуми денеска објавија дека едно лице било убиено, а друго повредено во кавга меѓу поддржувачи …

Две лица загинаа на избирачко место во источна Турција Read More »

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право


Граѓаните од утре ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321. – Сите неправилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по …

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право Read More »

Деркоски: Ако нема цензус во вториот круг веднаш се распишуваат нови избори


Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. -Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно …

Деркоски: Ако нема цензус во вториот круг веднаш се распишуваат нови избори Read More »

Осудениот за ќебапите примал пари од Шведска и имал бугарски пасош


Велешанецот Петре Караманов, кој беше осуден на три години затвор за кражбата на ќебапи во Велес, освен македонско имал и бугарско државјанство, а како што објави „Независен весник“, иако сите го спомнуваат во Македонија, речиси две години е во бегство и по него е распишана меѓунардона потерница. Според информациите што може да се најдат во …

Осудениот за ќебапите примал пари од Шведска и имал бугарски пасош Read More »

Богоески ги остави митаџиите за по изборите


Поранешниот разузнавач, кој со сведочење пред американските власти откри дека тројца политичари од Македонија, поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот функционер од ДУИ, Муса Џафери, зеле мито за да го одложат воведувањето на трет мобилен оператор во земјава, вчера не се појави во Кривичниот суд за да сведочи за случајот …

Богоески ги остави митаџиите за по изборите Read More »

Меѓународна женска мото-штафета: Македонките ќе ја покажат страста кон мотоциклите


Првпат во историјата на женскиот мотоциклизам се одржува Меѓународна женска мото-штафета, каде што моторџики од повеќе држави ќе земат учество. Во оваа штафетата е вклучена и Македонија. Сакајќи да поттикне глобално сестринство од инспиративни жени кои ќе промовираат храброст, авантура, единство и страст за мотоциклите од сите страни на светот и да направи нешто што …

Меѓународна женска мото-штафета: Македонките ќе ја покажат страста кон мотоциклите Read More »

Ќе се ревидираат учебниците по историја и географија


Откако ќе завршат разгледувањата на забелешките на учебниците по историја и географија од страна на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија и Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција и ќе се усогласат ставовите, ќе почне ревидирањето на учебниците во земјава, вели …

Ќе се ревидираат учебниците по историја и географија Read More »

Агенцијата „Одмори се“ во стан на судијка


Истражувањата на „Независен весник“ околу туристичките агенции „Одмори се“ и „Одмори“, на братот и сестрата Ненад и Тања Марковски, продолжува со нови моменти. Да потсетиме дека за овие агенции добивме неколку поплаки од граѓани дека уплаќале аранжмани, а добиле само билети во еден правец или турите воопшто не се реализирале. Лажен туристички аранжман им приреди …

Агенцијата „Одмори се“ во стан на судијка Read More »

Фондацијата „Допир“ преку лажни профили собирала донации, кривична пријава за две лица


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ. Како што соопштуваат од МВР, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација …

Фондацијата „Допир“ преку лажни профили собирала донации, кривична пријава за две лица Read More »

АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици


Како дел од активностите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, утре во Скопје доаѓаат претставници од британското Кралско здружение за заштита на животни од суровост (RSPCA). Тие, заедно со претставници од Секоторот за благосостојба на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ќе го посетат новоотвореното прифатилиште „Лајка“. Како што вели за МИА …

АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици Read More »

Вардар со втора победа над Загреб го потврди четвртфиналето во ЛШ


Ракометарите на Вардар изборија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва и во реваншот во Скопје триумфираа над Загреб, овој пат со 32:30, полувреме 19:13. Ова е шеста сезона по ред Вардар да се пласира меѓу осумте најдобри во Европа. Последен противник на „црвено-црните“ на патот до Ф4 турнирот во Келн ќе биде …

Вардар со втора победа над Загреб го потврди четвртфиналето во ЛШ Read More »

Пожарот кај Љуботенски бачила ќе се гасне со авиони


Побарана е интервенција на авиони за гаснење на пожарот кај Љуботенски бачила, а пожарот кај Драчево го прекина железничкиот сообраќај кој се очекува да се нормализира. Нови пожари попладнево има кај Небрегово и Гостивар. Пожарот во Тетовско кај Лакавица се шири кон село Седларево. Под контрола е ставен пожарот кај Саса и во Преспа кај …

Пожарот кај Љуботенски бачила ќе се гасне со авиони Read More »