Атина денеска без такси превоз


Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат утрово започнаа 24-часовен штрајк поради амандман од Министерството за туризам што се однесува нивниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката метропола од 6 часот до утре наутро ќе биде без такси превоз. Од Синдикатот, паралелно закажаа и протест на кој ги повикаа на учество таксистите заедно со нивните возила.