Атила Клинче добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026


Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година се доделува на Атила Клинче, (1958, Гостивар),  актер во пензија од Театар на народностите-Турска драма. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко, паричен износ од 30.000 денари и цветен аранжман. Наградата на актерот Атила Клинче, ќе му биде врачена на пригодна свеченост на отворањето Фестивалот на комедија „5-РЕ“,утревечер во 20 часот на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Одлуката за добитникот Атила Клинче како еден од  создавачите  на македонската театарска сцена,  на вчерашната седница едногласно ја донела жири комисијата во состав на актерите: Васил Зафирчев, Благојчо Стојанов и Слободанка Чичевска актер и минатогодишен добитник на наградата.

Како што образложи на денешната прес конференција Слободанка Чичевска, атерскиот опус  на Атила Клинче е  одбележана со брајни значајни улоги од светската класика и домашната драматургија. Неговиот актерски опус вклучува комплексни и значајни ликови како: Хамлет, Енкиду во Гилгамеш, Едип, Мемет,Магбет, Фентон, Креонт и многу други, кои ги изведува со извонредна длабочина и мајсторство и за кои е наградуван уштод далечната 1982 год како Награда за млад актер на МТФ  „Војдан Чернодрински“ за улогата на Мемет. За истата улога е прогласен за најдобар актер од страна на весникот „ Млад Борец“.

Во 2003 год од страна на Турските медиуми е прогласен за Актер на годината. Во 2005  за главната улога на таткото во представата „Куќа на граница на МТФ „Војдан Чернодрински“ ,Атила Клинче  ја добива наградата за најдобро актерско остварување. Во 2016, ја добива државната наградата „11 Октомври “ како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

Како што појаснија од жири комисијата за доделување на наградата, Атила Клинче има голем број на улоги и во филмот и телевизијата, каде што се истакнува со својата разновидност и интензивност во интерпретациите. Има играно во: „Ден за тетовирање“ во режија на Столе Попов, „Бог да ги убие шпиуните“ во режија на Ацо Алексов, во „Пред дождот“; режија Милчо Манчевски, Прашина“ режија Милчо Манчевски, „Пусто турско“ режија Коле Ангеловски. Серии како „Наше маало“ мега турската серија „Румелија“ „Балканска свадба“ турската серија „Последно лето“, како и учество во хит серијата „Преспав“.

Атила Клинче, сега актер во пензија, беше еден од носителите на репертоарот на Турскиот театар и негов долгогодишен директор. Во периодот на неговото директорување со НУ Турски театар- Скопје, Театарот добива 43 поединечни и колективни награди, плакети и три општествени награди како што се: во 2003 наградата 13 Ноември на Град Скопје, 2004  државната награда  11 Октомври, во 2011 Орден за заслуги за Македонија.

Покрај својот актерски ангажман, Атила Клинче е професор по сценски говор на Факултетот за Драмски уметности, а каде ги обучува новите генерации актери, кои денес се дел од македонската театарска уметност. Неговото искуство и посветеност кон уметноста како и неговата улога во едукацијата на младите актери го прават незаменлив дел од културниот живот во Македонија ,нагласија од жири комисијата.

Важно е да се споменат и неговите два учебника, првиот за Сценска дикција, издаден од ФДУ и вториот – Психологија на уметноста, издаден на Универзитетот Вазион.

Членот на жири комисијата Васил Зафирчев, информира дека за наградата „Петре Прличко“ на конкурсот  годинава имало пристигнато само две апликации и затоа  апелира до театарските работници догодина во поголем број  да конкурураат за оваа висока и престижна театарска награда за животно дело а  со која се продолжува ликот и делото на доајенот на македонското глумиште и единствена со ликот на Петре Прличко.

До Општина Велес како организатор на Фестивалот, Зафирчев  апелира  во критериумите за доделување на наградата да не стои актер од средната генерација, тука за актер во повозрасни години односно пензиониран актер, а со оглед на тоа што наградата   е актерска за животно дело

Тој .воедно апелира до организаторот Општина Велес, во критериумите на конкурсот за наградата   да измени, а наградата „Петре Прличко“  воедно да  се доделува и постхумно на заслужни актери, а  кои почнале во изминатите години.

Фестивалот „5 -РЕ“ по петти јубилеен  пат  го организира Општина Велес, а годинава со сума од 800 илјади денари,  во соработка со тимот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. На фестивалот освен од земјава годинава гостуваат и театри од Србија и Црна Гора, а започнува утревечер со  доделување на наградата „Петре Прличко“ за 2026 , а потоа и со премиерата на претставата „Тестостерон“ во изведба на актерите од велешкиот театар. Кај велешани има голем интерес за фестивалот и скоро сите билети за претставите се веќе распродадени.