„АстраЗенека“ тврди дека има лек со антитела против Ковид-19


 

Терапија со антитела, која ја разви „АстраЗенека“, ефикасна е во превенцијата и лекувањето на кроона вируст, покажуваат податоците од фармацевтската компанија.

„АстраЗенека“ поднесе барање со американската Агенција за храна и лекови ФДА, за итна авторизација на превентивниот лек AZD7442, кој се состои од две антитела.

Во истражувањето учествуваа 900 луѓе

Истражувањето на комапнијата покажа дека AZD7442 е делотворен во спречувањето на развивање тежок облик на болеста кај пациентите со благи и средно тешки симптоми. Мнозинството од 903 лица кои учествувале во истражувањето имале висок ризик од тежок облик на болеста.

Студијата покажува дека една доза од лекот AZD7442 од 600 мг вбризгана во мускулите, го намалува ризикот од развој на тежок облик на корона вирус или смрт за 50 отсто, во споредба со контролната група. Лицата кои учествувале во истражувањето имале симптоми до седум дена.

Кај оние кои примиле AZD7442 во рок од пет дена од развојот на симптомите, ризикот за тежок облик на корона вирус или смрт се намалил за 67 отсто, во споредба со која не примила AZD7442.

Авторот на истражувањето смета дека ова може да има важна улога во борбата со пандемијата

„Со континуирани случиа на сериозни инфекции со Ковид-19 ширум светот, значителна е потребата од лек како AZD7442, кој може да се користи за да се заштити ранливата популација од зараза со Ковид-19, а може да се спречи и напредувањето до тешка болест“, вели Хју Монтгомери, професор на универзитетот во Лондон, специјализира за интензивна нага.

„Овие позитивни резултати покажуваат дека прикладна интрамускулна доза AZD7442 може да одигра важна улога во борбата против оваа разорна пандемија“, додава Монтгомери, главен автор на „АстраЗенека“ во истражувањето.

Лекувањето го оцени како прикладно за лица кои не можат да се вакцинираат, кои лошо реагираат на вакцини или поради здравствената состојба имаат зголемен ризик од развој на тежок облик на болеста Ковид-19.