„АстраЗенека“ разви лек за отстранување на вишокот бакар од организмот
„АстраЗенека“ денеска соопшти дека крајната фаза е клиничкото тестирање покажала дека нивниот лек за ретки болести, што предизвикува акумулација на бакарот во телото, три пати e поуспешен во отстранување на наслагите во ткивото во однос на стандардното лекување.“Лекот го развила фармацевтската куќа „Алексион“, која ја купи „АстраЗенека“, а тестиран е на Вилсоновата болест, односно генетски предизвикано нарушување на метаболизмот на бакар, во кој е загрозена можноста на организмот самостојно да го отстрани вишокот бакар во телото, пренесе „Ројтерс“.
Експерименталниот лек се зема орално еднаш дневно и може да им помогне на апциентите на кои со класичната терапија им се вбризгува метал во крвта за да се отстрани бакарот или се работи за терапија со цинк.
„Како напредуваме во третирањето на Вилсоновата болест, прв пат во 30 години, ќе продолжиме да ги следиме овие пациенти на подолго време за да имаме подобра проценка за клиничкото влијание на симптомите на болеста“, изјави извршниот директор на „Алексион“, Марк Дунојер.
Наталожувањето на бакар во организмот може да предизвика болести на црниот дроб, како и психијатриски и невролошки симптоми, како што се промена на личноста, тремор и тешкотии при одењето, голтањето и зборувањето.