„АстраЗенека“ отвора најмногу граници во светот
Најдобар лакмус тест за пост-пандемискиот свет ќе биде колку се обновуваат меѓународните патувања. Во 2020 година приходите од меѓународниот туризам се намалија за 74% во споредба со 2019 година, на само 380 милиони, додека падот беше само 4% за време на финансиската криза.
Во последните месеци меѓународните патувања почнаа да се опоравуваат. Со 3,7 милијарди дози на вакцина администрирани низ целиот свет, многу луѓе се трудат да ги спакуваат куферите за патување во странство. Но, не секое антитело стекнато со вакцина автоматски ви овозможува слободно да заминете во странство.
Многу влади ги пречекуваат само примателите на одредени вакцини против „Ковид-19“ како посетители. Овој месец Европската унија соопшти дека нема да ги прифати патниците вакцинирани со вакцината „Ковишилд“ – иако е идентична со вакцината „АстраЗенека“ која се користи во ЕУ – затоа што не е одобрена од регулаторот на ЕУ за лекови. Владата на Индија, каде што се произведува вакцината, се закани дека ќе возврати. Политиката може да влијае и на примателите на „Ковишилд“ на друго место во светот: Така, на пример, 5 милиони дози се испорачани во Британија.
Според моменталната состојба, најмногу се признаваат и примаат патници што се вакцинирани со „АстраЗенека“ – дури 120 земји.