Артан Груби побара извинување од „Вреди“, го осуди палењето на македонското знаме
Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме. Тој ги демантираше наводите за неговата поврзаност со настаните за кои го обвинија од „Вреди“ и побара јавно извинување од оваа коалиција, во објавата на Фејсбук.
„Немате сила, ниту знаење, ниту храброст, но уште поважно, ја немате волјата на Албанците, туку ја имате милоста на ВМРО и желбата да се потчинуватe и да им служите. Го осудувам насилството и палењето знамиња, како што го осудувам и институционалното поттикнување на тензии и селективната моноетничка правда и во најсилна можна форма демантирам каква било моја наводна монструозна и пропагандистичка поврзаност со настаните од 28 ноември. Срамот што си го наметнавте на себеси и на вашите семејства не се покрива со никаква клевета, затоа, согласно законот, очекувам извинување од клеветникот во рок од 24 часа, во спротивно ќе го тужам за откривање на неговите лаги кои им се секојдневие“, стои во објавата на Груби.
Вицепремиерот Арбен Фетаи од коалицијата „Влен“ денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме биле поврзани со Артан Груби.