Артан Груби се повлече од Комисијата за селекција на кадри од УБК


Пратеникот Артан Груби се повлече од Комисијата која треба да ги селектира кадрите од УБК .Само неколку часа откако беше избран, тој преку писмено соопштение најави дека „поради преголеми обврски не можам да учествувам во работата на оваа комисија“, пишува Нова ТВ.

„Во врска со Заклучокот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, донесен на Шестата седница на Комисијата, одржана на 25 јуни 2019 година, во кој сум предложен, да учествувам во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во миожност да учествувам во работата на оваа Комисија“ напиша Груби.

Тој и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Трајче Димков беа избрани да учествуваат во Комисијата за селекција на кадрите. Освен пратеници, во Комисијата треба да учествуваат и двајца членови од МВР, двајца од Синдикатот, и директорот на Националната агенција.

Новата Агенција за национална безбедност која ќе ја замени досегашната Управа за безбедност и контраразузнавање треба да профункционира од септември.