Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 март


Фото: Б. Грданоски

Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk
 
Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.  За поддршка при аплицирањето, студентите може да се обратат на е-пошта: [email protected].

-Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, се наведува во објавата на МОН.