Апасиев: Широката коалиција СДС-ДПМНЕ го зголеми прагот за независни листи


З

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, објави дека во рамките на измените на Изборниот законик со кои може да гласаат и тие без валидни документи била протната и одлука да се зголеми прагот за собирање потписи за градоначалник и за советник.

 „Драги “независни” (граѓански листи / група граѓани), на итна собраниска седница, широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ го измени Изборниот законик. Па така, наместо досегашните 1.000 потписи за градоначалник или советничка листа во Град Скопје, сега ќе треба да соберете над 4.600! Демократски, нема што,“ стои во објавата на Апасиев.